verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промовирана нова платформа за пријавување говор на омраза

on 2 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански
Промоција на платформата www.govornaomraza.mk. Од лево кон десно: Катерина Синадиновска (СЕММ), Борјан Јовановски (Нова ТВ), Ацо Кабрано (Либертас), Неда Чаловска, Уранија Пировска и Јасмина Голубовска (Хелсиншки комитет)

Панел на промоцијата. Од лево кон десно: К. Синадиновска (СЕММ), Б. Јовановски (Нова ТВ), А. Кабранов (Либертас), Н. Чаловска, У. Пировска и Ј. Голубовска (Хелсиншки комитет)

На 2 април 2014 година во Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја промовираше интернет платформата за мапирање на говор на омраза www.govornaomraza.mk.

На промоцијата претставничките на Хелсиншкиот комитет истакнаа дека платформата има за цел да собере информации за говорот на омраза во јавниот простор и во медиумите, но и да ги поттикне граѓаните, медиумите и новинарите да пријавуваат говор на омраза за да може да се создаде слика за состојбите во Република Македонија.

Со цел да се соберат информации од повеќе градови и локални средини покрај градот Скопје, формирани се тимови за следење на говор на омраза на локално ниво составени од 22 волонтери распоредени по 8 неадминистративни региони, односно 14 градови низ целата земја, за период од пет месеци. Формиран е и правно-политички тим кој ќе ја следи појавата на говор на омраза во текот на изборите.

Во рамки на настанот се одржа и панел-дискусија на тема улогата на медиумите во ширење на говор на омраза, лични искуства и улогата на Советот на етика. Во дискусијата свои искуства споделија новинарите и уредници Борјан Јовановски и Ацо Кабранов, чии редакции, а и тие и самите, како а и нивните семејства, биле изложени на говор на омраза. Катерина Синадиновска, претседателка на Советот за етика на медиумите – СЕММ, посочи дека борбата против говор на омраза е индивидуална одговорност и на секој медиум и на секој професионален новинар. Според неа, во рамките на механизмите за саморегулација кои се воспоставуваат преку СЕММ, клучна е и улогата на претставниците на сопствениците на медиумите.

Дискутантите укажаа дека надлежните државни институции не го санкционираат говорот на омраза, со што се овозможува  негово виреење во јавниот простор. За оваа негативна особено погодува селективната примена на правдата и во другите сфери поврзани со слобода на изразување, како при процесите за навреда и клевета кои во случај кога тужители се лица блиски на власта се одвиваат експресно, додека кога таквите ликови се тужени, процесите се оддолжуваат до откажување на оштетените.

Проектот „Интернет платформа за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор и медиумите“ е поддржан од Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy – NED) од Соединетите Американски Држави.

 

Извор: Промовирана нова платформа за пријавување говор на омраза. Не мрази. (02.04.2014)