verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промовирана мобилна апликација против говорот на омраза

on 15 - 12 - 2014       

Фондацијата Метаморфозис објави надградба на првата мобилна апликација против говорот на омраза, чија намена е да ги донесе информациите од оваа област до врвовите на прстите на корисниците на мобилните телефони.

Повеќе информации за апликацијата и можност за инсталирање се достапни преку nemrazi.mk/app

Апликацијата е изработена со цел поефикасно спротивставување на говорот на омраза преку споделување знаења. Таа на граѓаните им овозможува пристап до најновите вести од оваа област, образовни и стручни ресурси, меѓу кои е и библиотека со е-книги, интерактивни упатства за разните можности за пријавување на говорот на омраза, како и учество на настаните поврзани со борбата против говорот на омраза преку интегриран календар.

Апликацијата, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот, е достапна за бесплатно преземање за корисниците на најпопуларните оперативни системи Андроид преку Гугл Плеј (https://play.google.com/store/apps/details?id=com.edumetamorphosis.nemrazi ) и иОС (iOS), односно корисниците на Ајфон и Ајпад преку Епл Стор (https://itunes.apple.com/us/app/ne-mrazi/id948280311?mt=8).

Апликацијата изработена благодарение на поддршката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Република Франција во Македонија, и претставува дел од напорите за ширење знаења и поттикнување активно граѓанско учество за решавање на горливите општествени проблеми на Метаморфозис, во рамките на широката иницијатива против говорот на омраза. Овие напори се во содејство со Националната кампања против говорот на омраза, која пак е дел од Меѓународното движење против говорот на омраза покренато од Советот на Европа (No Hate Speech Movement).