verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прогнозите и среќата не се дел од професионалната работа на новинарот

on 4 - 02 - 2020       

Фразите  „како што дознаваме од неофицијални информации“ или „како што известуваат неофицијални извори“, не го ослободува новинарот од одговорноста за вистинитоста на информацијата што ја пласира. Љубопитноста на новинарот може да ја пробудат многу гласови, но во јавноста се објавуваат само верификувани информации, а анонимноста на изворите треба да се потенцира само ако изворот решил да биде анонимен. Написот што го разгледуваме не ги исполнува принципите на професионалното новинарство.

Линк до оригиналниот напис: „ДУИ и ВМРО во опозиција, другите партии и СДСМ формираат нова влада“   “BDI dhe VMRO në opozitë, partitë tjera shqiptare dhe LSDM-ja formojnë qeverinë e re”

Датум и време на објавување: 18.12.2019, час 17:14

Датум на рецензија: 19.12.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Политичките пресметки за коалициите и предизборната соработка одамна започнаа. Досега сè останува на разгледување и консултација и сè уште не е постигнат официјален договор за ваквите чекори. Се случува новинар да обезбедил повеќе информации за тоа што е планирано и нормално е да сака да ја искористи можноста да ја пласира ексклузивноста. Сепак, професионалното задоволство како награда за ексклузивни информации не доаѓа без одговорност. Потребата за почитување на професионалните стандарди продолжува да се применува и во вакви случаи.

Наслов што констатира и недостиг на потврда

Насловот остава впечаток дека шемата „ДУИ и ВМРО во опозиција, другите албански партии и СДСМ формираат влада“ е завршена работа, дека се случиле преговори меѓу партиите и донесени се решенија за соработка, се одржале избори и штотуку е формирана новата влада. До крајот на овој процес има уште неколку месеци (ако парламентарните избори навистина се одржат на 12 април), и затоа мора да се биде многу сигурен и уверен за да се предвидат вакви сценарија.

Новинарството нема врска со прогнози, сништа и среќа 

Според неофицијални информации за весникот „Газета Експрес – Македонија“, се вели дека СДСМ достави предизборни понуди за коалиции до Алтернативата на Гаши и ДПА на Тачи. Доколку се постигне договор, опозицискиот блок ќе го сочинуваат Алијансата за Албанците и Движењето Беса на Касами. ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе излезат на гласање самостојно – пишува во текстот што го разгледуваме.

Новинарот ќе го објави изворот на информации, но доколку изворот сака да остане анонимен, новинарот ќе го заштити – пишува во Етичкиот кодекс за новинарите.

Се разбира, правото на анонимни извори е неспорна, но работата во овој текст не требала да заврши тука.

Ако новинарот имал информации дека се пратени понуди за коалиции, тој требаше да се обиде да ги потврди гласините официјално. Требаше да ги контактира сите споменати страни кои се засегнати во овие тврдења. Дури и ако обидот би бил неуспешен, тој би ја исполнил својата професионална обврска за проверка на фактите од што е можно повеќе извори.

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можнопишува во Етичкиот кодекс на новинарите.

Сè што напишал новинарот во текстот за да ги поддржи тврдењата што ги има во насловот се негови зборови, негови сценарија и пресметките засновани врз неговите очекувања.

Техники на манипулација

„Тенденција да се верува дека можноста нешто да се случи е доказ дека истото ќе се случи“, е еден од концептите на манипулација што, според Прирачникот на Критинк, е познат како „повикување на веројатност“. Можноста да се случат овие соработки и коалиции, за авторот на веста, е доказ дека тие ќе се случат.

За читателите

Секогаш поблиску до вистината се информациите за кои новинарот напорно работел за да ги потврди. Секоја вклучена страна мора да има можност да го потврди или отфрли она што е напишано. Ресурсите се многу важни, без разлика дали се анонимни, но само еден глас никогаш не треба да биде доволен. Ако другите страни одбиваат да зборуваат, и тоа е дел од веста.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ