verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Професионално недокажана и неадресирана омраза

on 23 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-184-foto_-ja-cfare-i-deshiron-ordanovski-qyteta_-http___www-zhurnal-mk_content_

 

Напис – „ФОТО: Еве што им посакува Ордановски на граѓаните“

Скопје, 19 декември – Говор на омраза и обиди за поделба на граѓаните на партиска основа. Сето ова ги карактеризира изјавите на експертите и на аналитичарите блиски со Сорос и со опозициските медиуми.

Луѓето блиски со Сорос и со СДСМ на активен начин ги употребуваат социјалните мрежи за да ги претстават своите ставови, ако може да се сметаат за такви бројните закани, говорот на омраза кои редовно се  дел од секојдневниот вокабулар на Сорос и на СДСМ.

Братот на Сашо Ордановски кој се претставува како аналитичар го употребува „Твитер“ под псевдонимот MindPlumber. Тој редовно ги објавува своите „ставови“ во кои составен дел е говорот на омраза и вулгарноста.

Од неговиот профил можете да претпоставите за каква личност се работи. На сликата подолу можете да видите за каква личност се работи.

 

[Рецензија: „ФОТО: Еве што им посакува Ордановски на граѓаните“]

Написот е полн со коментари и со лични оценувања од страна на авторот, како за феноменот така и за карактерот на личноста на која се однесува текстот. Уште од самиот наслов се создава еден погрешен впечаток, алудирајќи на една личност, а всушност пишувајќи за една друга, но ова не е единствениот проблем со текстот.

zhurnal-ja-cfare-i-deshiron-ordanovski-qytetareve-1Линк до оригиналниот напис: „ФОТО“: Еве што им посакува Ордановски на граѓаните

Датум на објавување: 19.12.2016, 15:32

Датум на рецензирање: 21.12.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Насловот остава впечаток дека текстот се однесува на Сашо Ордановски, кој е позната јавна личност, но, всушност, целиот текст се однесува на неговиот брат. Текстот го третира личното мислење на една личност „која се претставува како аналитичар“ на неговиот личен профил на социјалната мрежа „Твитер“. Неговото лично мислење во текстот е отсликано како „изјави на експертите и на аналитичарите блиски со Сорос и со опозициските медиуми“.

„Говор на омраза и обиди за поделба на граѓаните на партиска основа. Сето ова ги карактеризира изјавите на експертите и на аналитичарите блиски со Сорос и осо позициските медиуми.

Луѓето блиски со Сорос и со СДСМ на активен начин ги употребуваат социјалните мрежи за да ги претстават своите ставови, ако може да се сметаат за такви бројните закани, говорот на омраза кои редовно се  дел од секојдневниот вокабулар на Сорос и на СДСМ.

Братот на Сашо Ордановски, кој се претставува како аналитичар, го употребува „Твитер“ под псевдонимот MindPlumber. Тој редовно ги објавува своите „ставови“ во кои составен дел е говорот на омраза и вулгарноста“.

Генерализирањата често не се прифатливи, особено кога се работи за новинарство, затоа што еден човек со своите ставови не претставува една цела организација, а уште повеќе ако немаме докази за директна поврзаност меѓу него и таа организација.

Ако навистина има причина за загриженост од говорот на омраза кој е употребен на овој профил на социјалните мрежи, имајќи предвид дека станува збор за една јавна личност, при пишување на текстот можеше да се побара и оцена од самиот сопственик на тој профил, но и од познавачите на оваа тематика, надлежните органи итн. Нивните ставови на текстот ќе му дадеа пообјективен тон и ќе го направеа помалку тенденциозен и непристрасен.

Треба да се истакне дека статусите на споменатата личност (ако навистина се негови, затоа што во содржината не се докажува тоа на начин на кој налагаат новинарските стандарди), се третирани едноставно само од јазичен аспект, а не и по содржината и мотивот.

  • Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.
  • Секогаш треба да се стреми да се задржи оригиналниот контекст на сите цитати или извадоци. Новинарското известување не смее да ја смени смислата на реченицата, изјавата или цитатот – пишува во Етичкиот кодекс на новинарите во Македонија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови