Професионално и фактографски сработена жешка тема
Објавено во Рецензии
on 9 - 02 - 2017 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија]
Фактографски и сеопфатно, тоа е задачата која e исполнета со овој текст за американскиот конгресмен Дана Рорабакер. Ваквите написи секако треба да се поздравуваат, бидејќи укажуваат на тоа дека и многу жешки теми треба да се примаат мирно, што би се рекло во фудбалскиот жаргон, најнапред да се „стопираат“ и потоа да се обработат професионално, без да им се подлегне на емоциите.
Линк до оригиналниот напис: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија
Датум и време на објавување: 07.02.2017, 16:03
Датум на рецензирање: 08.02.017
Рецензент: Љубомир Костовски
ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ПРЕКУ АТЛАНТИКОТ
„Како вознемирувачки ги оцени денеска македонското Министерство за надворешни работи изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер дека Македонија е пропадната држава и затоа најдобро е да биде поделена и да исчезне. За повеќе од дваесет години независност Македонија нема слушнато ваков став од САД од каде што, напротив, стигнуваа само поддршки за стабилност и за територијалниот суверенитет на државата“.
Изненадувањето од изјавата на Рорабакер во земјава е општо и најнапред беше медиумско. Се работи за политичар кој служел многу мандати во Конгресот уште од 1989 година, следел неколку воени жаришта, а во моментов е член и на Комитетот за надворешни работи во подгрупата одговорна за нашиот регион, или, поедноставно кажано, групата која ја крои политиката за Балканот.
Посебно е автентично инсистирањето на овој новинарски производ, на случајот да се гледа од регионални рамки, бидејќи, како што се забележува, има понуда и да се направи размена „северот на Косово за југот на Србија“, што се квалификува како своевиден политички егзибиционизам, особено во запаливиот Балкан.
Во написот се прикажани повеќе реакции: од МНР, од српскиот премиер Вучиќ , како и кусата порака од Амбасадата на САД во Македонија дека „САД го признаваат и му даваат поддршка на територијалниот интегритет на Македонија и таа политика не е променета“.
Многу е важно што во прилогот се оди чекор понатаму и се отвора вистинската дилема – „дали за оваа изјава (на Рорабакер) бил инспириран од албански кругови, како нивен лобист или настапил како слободен „стрелец“ е прашање на кое ќе треба да се одговори што поскоро“. Текстот се навраќа и на негови претходни изјави, така што ја доловува сликата „дека се работи за егзотичен лик во надворешната политика на Конгресот, кој и досега излегувал со уникатни ставови за разни кризни жаришта, а не толку ретко за промена на граници и на други држави, што изгледа му е универзален одговор за земји во криза“. Притоа, како примери се посочуваат негови изјави поврзани за Ирак, кризата со ИД…
Ваквиот пристап кон темата ги смирува страстите кај читателската публика, бидејќи открива „повеќедецениска егизбиција“ кај споменатиот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови