Продавање илузии како вести
Објавено во Рецензии
on 9 - 12 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: По фијаското на „Контравести“- караница во опозицијата за странските пари за неуспешниот проект]
Луцидна и точна е рецептурата на читателот на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, според која е конструирана медиумската содржина што тој ни ја предлага за рецензија: „Тргнувате од една инсинуација која се однесува на некој настан или личност, а потоа на таа инсинуација ѝ додавате некој настан кој нема врска со инсинуацијата, ама ставен во таа рамка создава илузија дека содржи аргументи за илузијата“.
Проблемот е во тоа што, што и да ѝ правите на илузијата, таа останува илузија, односно невистина бидејќи по дефиниција илузијата е:
„Нешто што изгледа пинаку отколку што навистина е, односно нешто што е погрешно или нереално, ама создава впечаток дека е точно и реално“. (Merriam Webster Dictionary)
Линк до оригиналниот напис: По фијаското на „Контравести“- караница во опозицијата за странските пари за неуспешниот проект
Датум и време на објавување: 04.12.2015
Датум на рецензирање: 07.12.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИЛУЗИЈАТА
Оваа рецептура за деконструкција на илузијата што ја создава овој текст дека е вистинит, има втор дел кој треба на илузијата да ѝ даде аргументи, што е контрадикторност, бидејќи илузиите немаат аргументи.
Но, за потребите на рецензијата, да подвлечеме дека во овој случај како аргументи се земени серија коментари на социјалните мрежи, поврзани со содржината на ТВ-емисијата која се прогласува за неуспешен проект и заради која настанала кавга во опозицијата.
Како прво, многу е проблематично да наредите коментари мотивирани од емисијата и од тоа да прогласите систем, односно дека е тоа артикулиран израз на незадоволството на опозицијата.
Како второ, како може еден медиум кој претендира да биде референтен портал, да изедначува личности од јавноста со опозицијата?
Освен тоа, крајно манипулативно е да креирате скринштови и потоа да ги лепите во содржина која е апсолутно неприродна.
Згора на тоа, многу е рано еден медиумски проект да се прогласи за неуспешен по неговото второ издание, односно на самиот почеток.
Апсолутно и нескриено политички пристрасен текст кој единствено, според дефиницијата за инсинуација, има цел да дерогира, да навреди, на индиректен начин.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни,
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови

