verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пристрасност, отсуство на резонирање и на контакт со реалноста

on 17 - 11 - 2015       

11111-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Условната препорака резултат на политичката криза конструирана од опозицијата]

 

Четиво од типот „слеп при очи“. Материјал што сака да ја одведе јавноста во некоја паралелна димензија во која, очигледно, црното е бело, а белото е црно. Да се нарече овој текст спин би било претенциозно. Зборуваме за едноставно вулгаризирање на вистината.

1111Линк до оригиналниот напис: Условната препорака резултат на политичката криза конструирана од опозицијата

Датум и време на објавување: 10.11.2015, 16:36

Датум на рецензирање: 13.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЕВРОПСКИОТ „КАТИЉ-ФЕРМАН“ ЗА ВЛАСТА ГЛЕДАН НИЗ РОЗОВА ДИОПТРИЈА

Еве, да кажеме дека СДСМ лаже, целата опозиција лаже, дел од медиумите лажат и фамозната Сорос-фондација лаже, амбасадите лажат, ама изгледа дека и Европската унија, која е стратегиска цел на Македонија, почна да лаже. Тоа, барем, јас го читам од овој напис. Што поинаку да помислите кога при таков извештај на Европската комисија може да напишете:

„Реформите на владата донесоа уште една препорака за почнување на преговорите со ЕУ, а условувањето на препораката е последица на однесувањето на СДСМ кое доведе до политичката криза во земјата – ова е заклучокот кој преовладува во најновиот извештај за прогресот на Македонија, изготвен  од Европската Комисија.“

Ако си малку, барем малку новинарски писмен и, секако, трезвено размислуваш, ова не смееш да го објавуваш, барем не при здрав ум и чиста свест. Чекајте, па треба само да се прочитаат дел од формулациите во извештајот, јас би рекол и своевиден европски „катиљ-ферман“ за власта, за веднаш да се увиди што навистина технократите од Брисел кажуваат:

„Во однос на политичките критериуми, сериозните предизвици нотирани во претходните години беа засилени со најтешката политичка криза во земјата од 2001 година наваму со пресретнатите комуникации во кои, како што изгледа, се вмешани високи владини претставници, притоа сугерирајќи прекршувања на фундаменталните права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и партизација и корупција.“

Ова е дел од документот објавен пред три дена. Од каде тоа е извлечен заклучокот, така „гордо“ напрчен во насловот условната препорака резултат на политичката криза конструирана од опозицијата“. Па, луѓето јасно си кажуваат каде го гледаат проблемот:

„Судскиот систем има одредено ниво на подготвеност. Таму ситуацијата назадува од 2014 година зашто постигнувањата во реформскиот процес во изминатата декада се сериозно поткопани поради вистинските и потенцијални мешања во работата на судството.“

 

„Раководењето со земјата беше напнато од политичкта криза и беше доведено во прашање со откривањето неетичко однесување, нелегални активности и дури потенцијални криминални дела.“

 

„Само ограничена политичка одговорност е преземена преку оставките на двајца министри и на шефот на УБК.“

Каква опозиција, какви бакрачи. Овие формулации недвосмислено укажуваат каде Брисел го лоцира жариштето. Затоа, тврдењата наведени во написов во делот за вината за содржината на извештајот се апсолутно смешни и, што е уште пострашно, исклучително невистинити.

 

ОТСУСТВО НА РЕЗОНИРАЊЕ, А И НА КОНТАКТ СО РЕАЛНОСТА

Изземањето на овие клучни сегменти, јасно зборува за високиот степен на селективност – испуштени се критиките за власта, а наведени се некои од пофалбите. Внимавајте, сериозните забелешки за корупција во написот се поврзуваат со опозицијата?! Проѕирна е намерата, нели? Потоа, се среќаваме со намерно искривување на фокусот на настанот. Тежиштето, ако убаво се прочита извештајот, не е на постапките на опозицијата, туку, пред сè, на (не)активностите на власта.

Секако, направени се обиди за маскирање на фактичката ситуација преку некакви си „експертски коментари“ и „политички аналитичари“, а всушност станува збор за анонимни извори на информации, без име и презиме, без јасна локација, на кои воопшто не може да им се верува. Многу, многу лош пристап, кој не само што не покажува некаква си ангажираност, туку е и чисто отстапување од професионалните стандарди. Доказ:

„Политичките аналитичари велат дека позитивната препорака на Европската Комисија во голема мера ќе ја нарушува стратегијата на СДСМ кои правеа се Македонија да ја изгуби препораката за членство во унијата. Наметнувањето на политичката криза ја имаше токму таа цел.“

 

„Според нив, позитивните оценки во голема мера ќе влијаат и на априлските избори на кои ВМРО-ДПМНЕ за напредокот ќе добие и потврда од граѓаните.“

Ем коментар, ем лош, ем пристрасен. Тој што го пишувал, не направил каква било разлика меѓу фактите и мислењето.

Ниско ниво на информирање, пример за „лежачко новинарство“ – некој ти сервира, а ти само го обзнануваш. Чиста пристрасност, отсуство на резонирање, а и на контакт со реалноста.

Што диоптер ќе беше, навистина? Розов?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови