verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пример за подлизување на „премиерот“ што строи!

on 5 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Infomax za stroenjeto na ministrite

[Рецензија: ЛИДЕР ЗА ПРИМЕР ШТО ВЕТУВА ИСПОЛНУВА: Груевски на состанок со министри и градоначалници за дадените ветувања и нивното реализирање]

 

 

Подлизувачки напис… Материјал во кој се воспева лидерството на шефот на владејчката партија. Текст, кој слично како и неговиот главен протагонист, го има загубено компасот што е тоа држава, а што партија и не препознава дека граница меѓу нив мора да постои.

 

1111Линк до оригиналниот напис: ЛИДЕР ЗА ПРИМЕР ШТО ВЕТУВА ИСПОЛНУВА: Груевски на состанок со министри и градоначалници за дадените ветувања и нивното реализирање

Датум и време на објавување: 01.09.2016

Датум на рецензирање: 03.09.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ТЕКСТ СО ЗАГУБЕН КОМПАС ЗА ТОА ШТО Е ДРЖАВА, А ШТО ПАРТИЈА

Македонија веќе години нанзад во документи на Европската комисија, но и со финалните оценки на ОБСЕ/ОДИХР по секои избори, добива исклучително остри критики дека има недоволно одвојување на партијата од државата. Со други зборови, културно и дипломатски се вели дека актуелната гарнитура на власт ги загубила од вид или ѝ се поматиле границите меѓу државното и партиското.

За жал, овие недостатоци не само што не се поправаат, туку, напротив, во изминатите месеци, поточно по повлекувањето на Никола Груевски од премиерската позиција, како повеќе да се засилуваат. Така, имаме безмалку секојдневни настани на кои Груевски, внимавајте, како лидер на партија, присуствува на отворање инфраструктурни објекти, патишта, училишта, справувања со несреќи, итн… Па како и тоа да е малку, почнавме да го гледаме Груевски како си ги собира министрите како да си се вработени кај него во фирма или во партија и ги строи, бара извештаи, дава мислења… Значи, тој не се однесува како премиер во сенка, туку како активен в.д. премиер. Навистина, класичен пример за неодвојување на државата од партијата.

Тука и се враќаме на написот, кој не само што низ новинарска призма тоа не го анализира, туку и го фали. Воспевање, подлизување, наречете го како сакате, само не и веродостојно информирање во интерес на јавноста. Не, овој текст, навидум самоиницијативно, си ја презема улогата на личен „билтен“ на Груевски „презентирајќи“ го неговото невидено лидерство.

„ЛИДЕР ЗА ПРИМЕР ШТО ВЕТУВА ИСПОЛНУВА: Груевски на состанок со министри и градоначалници за дадените ветувања и нивното реализирање“

„По посетата на Груевски, се решава и проблемот со водоснабдувањето во Велгошти. Во летниот период, рекоа граѓаните, се намалува притисокот на вода поради наводнувањето“.

„Меѓу народот сме препознаени како политичка гарнитура која стои зад дадениот збор, политичари кои ги остваруваат дадените ветувања и работат на исполнување на барањата и потребите на граѓаните. Ние го испорачуваме ветеното и тоа е голема одговорност.Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го отвори денешниот состанок со владини министри, заменици министри и градоначалници на кој беше направен преглед на ветувањата дадени при теренските посети и на нивната реализација.“

 

ЦИРКУСОТ НА ГРУЕВСКИ ГО ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ

Што е ова ако не маркетинг за власта и за Груевски, кој, чиниш, како волшебник е. Абракадабра министри, абракадабра партиски функционери, сè во исто време, нормално, во работни часови што ги плаќаат граѓаните на Република Македонија. И сето тоа не го забележало окото на тој што го пишувал написот или, можеби, таков му бил доставен и требало само да се репринта на конкретниот портал.

(Новинарите) ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот – Кодексот на новинари.

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинари.

За овој материјал може да се каже дека е еклатантен пример за огромната потреба за одвојување на партијата од вистинското информирање на граѓаните.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ставена е во својство на партиски маркетинг

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови