verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пример кога политичкото новинарство се претвора во жолт печат

on 22 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 275 - Vesel Memedi pse nuk ishte me Selën n_ - http___ina-online.net_vesel-memedi

 

Напис: Зошто Весел Мемеди не беше со Села на средбата со Хан?

Лидерот на НДП, Весел Мемеди, кој е дел од Алијансата за Aлбанците, не беше дел од делегацијата предводена од Зиадин Села на синоќешната средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Тој минатата недела го придружуваше Села на средбата со pретседателот Иванов.

Според некои анонимни портали и според социјалните мрежи, фамозното интервју на Весел Мемеди за ТВ 21  и неговите ставови за Али Ахмети по сè изгледа го налутиле лидерот на НП-ДПА, Зиадин Села. По порталите се шпекулира дека ова е причината за неприсуството на Мемеди, но ова е демантирано од Алијансата, од која истакнуваат дека сето ова е дел од лансирањето на разните шпекулации по порталите. (ИНА)

 

[Рецензија: Зошто Весел Мемеди не беше со Села на средбата со Хан?]

По сè изгледа, во последно време во мода се анонимните извори. Уште помодерно од анонимните извори се анонимните извори на изворот на еден друг извор, од еден друг медиум. Ова нè фрла во еден круг од кој никако да излеземе и во кој нема никаква информација. Несериозно е кога кон политичките теми кои не се празни муабети пристапуваме како кон темите кои се третираат во шоу-бизнисот или, пак, по жолтиот печат.

Vesel Memedi pse nuk ishte me Selën në takimin me Han Iliria News AgencyЛинк до оригиналниот напис: Зошто Весел Мемеди не беше со Села на средбата со Хан?

Датум и време на објавување: 10.02.2017

Датум на рецензирање: 15.02.2017

Рецензент: Ферикан Илјази

Текстот што го рецензираме зборува за една политичка личност, Весел Мемеди од Националната демократска преродба, дел од Алијансата за Албанците. Тој е „етикетиран“ како „непожелна“ личност од Зиадин Села, поради тоа што тој на една дебатна емисија го нарекол Али Ахмети „кмет на Албанците“. Според текстот што го рецензираме, ова е причината поради која Зиадин Села не го зел со себе и Мемеди, бидејќи тој со тоа што го направил го „загрозил“ имиџот на алијансата на трите партии. Но, не заборавете дека ова е само претпоставка.

„Лидерот на НДП, Весел Мемеди, кој е дел од Алијансата за Албанците, не беше дел од делегацијата предводена од Зиадин Села на синоќешната средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Тој минатата недела го придружуваше Села при средбата со претседателот Иванов“.

Сега е на ред веродостојноста на веста. Во написот се употребени извори кои се именувани само како „анонимни“ извори, социјални мрежи, поими премногу „широки“ за да може да се потврди веродостојноста на изворите кои се основа на секоја информација. Од ова произлегува дека веста нема никаква основа според која може да се оцени дали оваа содржина требало или не требало да се напише и да се објави.

„Според некои анонимни портали и според социјалните мрежи фамозното интервју на Весел Мемеди за ТВ 21  и неговите ставови за Али Ахмети, по сè изгледа, го налутиле лидерот на НП-ДПА, Зиадин Села. По порталите се шпекулира дека ова е причината за неприсуството на Мемеди, но ова е демантирано од Алијансата, од која истакнуваат дека сето ова е дел од лансирањето на разните шпекулации по порталите“.

За жал, многу е тешко да се гледа како се употребуваат извори како што се „анонимните портали“ и „социјалните мрежи“, а и покрај тоа медиумите кои постапуваат на ваков начин сè уште очекуваат читателите да имаат доверба во нив.

Но, во овој текст, за разлика од многуте други од ваква природа, спомнат е демантот на Алијансата за Албанците, иако не е пренесен ниту еден цитат.

Во овој случај, само требало да се испочитува член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија каде што е прецизирано дека:

  • Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. 
  • Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
  • Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови