verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Презумцијата на невиност е света

on 19 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Напис: Мега Скандал, голем дел од прислушуваните материјали на Заев се наоѓаат во фабриката на афери

Повеќе од 70 илјади прислушувани разговори се најдени во фабриката на афери откриена пред само неколку денови, нагласуваат извори од истрагата. Според овие извори овие материјали биле ставени во еден екстерен хард диск со име СДСМ Заев во запленетите компјутери во откриената фабрика.

 

Фолдерот е создаден во септември оваа година по потпишувањето на Пржинскиот Договор и преземањето на одговорност од страна на Заев за прислушуваните материјали. Сите незаконски прислушувани разговори кај македонските политичари и како што нагласуваат добро информирани извори, имало индикации за овие материјали дека се продаваат и во други земји. И како што се пофалил и новинарот Зоран Божиновски што се крие во Србија, а во моментот се бара за случајот Шпион, сега веќе располага со неколку материјали од прислушувањата, пренесува Журнал.

 

Од досегашната истрага, освен министерот Спасовски кој бил во контакт со групата на фалсификатори, и лидерот на СДСМ Зоран Заев бил во континуирана комуникација. И двајцата имале средби во седиштето на партијата во периодот кога се емитуваа бомбите.

 

Со предавањето на незаконските материјали до Захир Бекири, според познавач на околностите, јавно стануваат јасни намерите на Заев, преку медиумите од надвор да започне со пласирањето на приватните разговори. Изгледа дека неговата намера е одложување на изборите поради неговиот слаб рејтинг. Прес 24 информира дека Заев лично патувал во Србија, додека пак контакт со Божиновски имал и Саша Богдановиќ, директор на паркинзите во Општина Центар.

 

 

[Рецензија: „Мега Скандал, голем дел од прислушуваните материјали на Заев се наоѓаат во фабриката на афери]

 

Иако целиот овој текст е преполн со недостатоци кои не треба да се наоѓаат во една вест напишана од професионален новинар, тоа што најмногу боде очи е повредата на презумцијата на невиност. Авторот на овој текст си дозволил себеси да стане и судија, објавувајќи фотографии од фејсбук-профилот на еден човек кој е осомничен дека учествувал во фалсификување на разни документи и на лични карти што се употребени за изборни манипулации. Од чаршиски муабети можеби се знае дека овој човек учествувал во фалсификување, но ова не му дава право на новинарот да го каже, освен во случаи кога има неоспорни факти. Иако овој човек бил уапсен и неговото име било објавено од самата полицијата, како што се случило многупати, новинарите не треба да го повредат ова законско право. Освен тоа, непочитувањето на ова право го оцрнува и угледот на новинарот ако тој се смета себеси за професионалец.

Mega skandal një pjesë e madhe e materialeve të përgjuara të Zaevit gjenden në fabrikën e aferaveЛинк до оригиналниот напис: „Мега Скандал, голем дел од прислушуваните материјали на Заев се наоѓаат во фабриката на афери”

Датум и време на објавување: 16.12.2015

Датум на рецензирање: 21.12.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Целиот текст е составен врз основа на анонимен извор во истрагата за скандалот со фалсификуваните лични карти, што е легитимно, бидејќи новинарот има право да го заштити својот извор. Но, тоа што пречи е фактот дека новинарот неколкупати го користи анонимниот извор за да пикне и неколку лични коментари. Како, на пример, параграфот во продолжение:

„Со предавањето на незаконските материјали до Захир Бекири, според познавачот на околностите, јавно стануваат јасни намерите на Заев, преку медиумите од надвор да започне со пласирањето на приватните разговори. Изгледа дека неговата намера е одложување на изборите поради неговиот слаб рејтинг. Прес 24 информира дека Заев лично патувал во Србија, додека пак, контакт со Божиновски имал и Саша Богдановиќ, директор на паркинзите во Општина Центар.“

За овие две реченици не е јасно дали се информации од новинарот или од анонимниот извор. И да биле ставови на новинарот, една таква констатација можеше да се даде со конкретни докази, но без докази не смее да се даваат такви квалификации.

До израз доаѓа повторно употребата на генерализација и на аналитичари без име. За да се амнестира себеси, новинарот употребува наводен став од познавачи на политичките околности. Следуваат и неколку лични констатации во стилот на провладините македонски медиуми, што не ѝ доликуваат на вест од ваква природа.

Да се потсетиме уште еднаш на презумцијата на невиност, која треба да се повторува секој ден, бидејќи со повреда на презупцијата на невиност, не сакајќи, може да предизвикаме многу голема штета врз човечките животи. Во член 13 од Уставот на Република Македонија јасно се дава до знаење дека „лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука“. Истата одредба се предвидува и со Законот за кривична постапка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови