Претпоставка пласирана како стопроцентна вистина
Објавено во Рецензии
on 17 - 05 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција]
Нема извори, нема докази, само претпоставки, а врз основа на нив не може да се гради веродостоен новинарски текст.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција
Датум и време на објавување: 11.05.2016, 13:18
Датум на рецензирање: 13.05.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ОД НАГАЃАЊЕ ДО УЛТРАЦВРСТА ФОРМУЛАЦИЈА
Нагаѓа:
Претпоставува, се досетува, се обидува да открие, да дознае без доволно податоци.
Во текстовите што се стремат да ги задоволат професионалните стандарди, не треба да се нагаѓа. Зашто според дефиницијата (Дигитален речник на македонски јазик), тоа претставува обид нешто да се дознае, ама без доволно информации.
Во конкретниот случај, искористена е токму оваа неновинарска алатка. Намерата на неколку госпоѓи опремени со кофи и сунѓери, да ја исчистат Порта „Македонија“ од боите на „Шарената револуција“, се поврзува со тоа дека тие имаат партиска поддршка и дека по задача се пратени во мисија на вадење дамки.
Можеби е така, а можеби не. Зошто? Затоа што, написот на никаков начин не успева да обезбеди докази дека тие навистина по „директива на штабот“ дошле да чистат.
Дали се прашани? Не!
Дали има потврда од некој внатрешен извор дека се од владејачката партија? Не, апсолутно нема каков било извор!
Дали можеби има друг доказ, на пример, фотографија од некаква порака со инструкции да дојдат пред Порта „Македонија“? Не!
Имаме само претпоставки кои конечно довеле до ултрацврстата формулација:
„ФОТО: Жените од ВМРО – ДПМНЕ ја чистат Триумфалната порта од Шарената револуција“
Значи, во насловната конструкција има нагаѓање непоткрепено со факти кое е трансформирано во тврдење, додека во текстот е оставена опцијата дека можеби станува збор за партиска акција:
„Најверојатно се работи за акција на членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ“
Сега, што е вистинитата информација? Дека се „жени од ВМРО-ДПМНЕ“ или дека „најверојатно се жени од ВМРО-ДПМНЕ“?
Во членот 1 од Кодексот на новинарите децидно е наведено:
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Но, токму тоа не е сторено во овој нерагументиран и шпекулативен материјал, кој на читателите им е понуден како стопроцентна вистина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови