verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прераскажувањето на невистините не е новинарство!

on 29 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-188-kurir_-muhamed-zekiri-dhe-peter-shile_-http___flaka-info_sq_kurir-muhamed

 

Напис – Курир: Мухамед Зекири и Петар Шилегов сакале да предизвикаат проблеми во Теарце

„Курир“ пишува дека Петар Шилегов придружуван од членови на извршниот комитет на СДСМ, Мухамед Зекири и Едмонд Адеми, денеска престојувал во Теарце, во делот од селото каде што живеат мнозинство Албанци, во обид да предизвикаат инциденти поради кои би се нарушил изборниот процес, пишува „Курир“, а пренесува „Флака инфо“.

Понатаму, порталот пишува дека откако не успеале да го расипат изборниот процес, Шилегов си заминал, а во селото останал Мухамед Зекири, кој е виден како зборува со Џабир Дерала од „Цивил“, кој во 19 часот изјави дека имало нерегуларности, пишува „Курир“/Флака инфо/

 

[Рецензија – Курир: Мухамед Зекири и Петар Шилегов сакале да предизвикаат проблеми во Теарце]

Станува збор за типичен пример за тоа како завршува еден текст кој не се потпира на релевантни извори. Всушност, овој текст само е преведен на албански јазик, затоа што оригиналната верзија ѝ припаѓа на една друга редакција. Ова што го направила редакцијата на албански јазик која ја објавила веста, е идеален пример преку кој може да се објаснат последиците што ги трпат порталите кога им веруваат на медиумите кои информираат на едностран начин, преку тенденциозна вест што е обоена за потребите на еден друг табор.

Еден професионален новинар никогаш не би прифатил својот производ да го базира врз еден ваков извор, без факти, без соодветна слика, без ставови на споменатите страни и без автор на текстот, кој во овој случај требало да известува врз основа на тоа што го видел на терен.

Веста е тенденциозна. Искажаните тврдења не доаѓаат од некоја институција, ниту пак организација која го наблудувала изборниот процес за истите да можат да се земаат како основа за веста. Целата вест е составена повикувајќи се на еден извор кој, всушност, е медиум на македонски јазик (има превод и на албански јазик), кој не ретко објавува  тенденциозни и необјективни содржини, и поради тоа не може да се смета како основа при пишување на една вест без да се проверат фактите.

 

„’Курир’ пишува дека Петар Шилегов придружуван од членови на извршниот комитет на СДСМ, Мухамед Зекири и Едмонд Адеми, денеска престојувал во Теарце, во делот од селото каде што живеат мнозинство Албанци, во обид да предизвикаат инциденти поради кои би се нарушил изборниот процес, пишува ’Курир’, а пренесува ’Флака инфо’“.

 

kurir-muhamed-zekiri-dhe-peter-shilegov-screenshotЛинк до оригиналниот напис: Курир: Мухамед Зекири и Петар Шилегов сакале да предизвикаат проблеми во Теарце

Датум и време на објавување: 25.12.2016

Датум на рецензирање: 26.12.2016

Рецензент: Адриан Керими

За да не се предизвикаат сомнежи и нејаснотии кај читателите, во текстот требаше да има официјални ставови од полицијата, изборните комисии, независните набљудувачи, како и реакции од анкетирани граѓани, за да се разјасни дали навистина имало таков обид за кој се зборува во текстот. И споменатите страни во вакви случаи имаат право да се изјаснат. Ако се спомнува нивното име, тогаш и тие имаат право да ја раскажат својата верзија. Во оваа содржина не е направено ништо од сето ова.

„Понатаму, порталот пишува дека откако не успеале да го расипат изборниот процес, Шилегов си заминал, а во селото останал Мухамед Зекири, кој е виден како зборува со Џабир Дерала од „Цивил“, кој во 19 часот изјави дека имало нерегуларности, пишува ’Курир’“.

Фотографиите што го придружуваат написот ги манипулираат читателите. Именуваната редакција ги употребила истите снимки што ги употребил и медиумот на македонски јазик, кои се истакнуваат по она вообичаено означување на лицата со црвени кругови.

Непотврдените извори може да бидат составен дел на клевета. Кога тие се употребуваат во напис, без да се обезбеди и некој друг извор или, пак, доказ што би ги поддржал тврдењата на непотврдените извори, постои голема можност да станува збор за клевета. Ако новинарот отвора сомнежи, тој нема право тука да му стави крај на своето дело. Во вакви случаи, како што веќе рековме, треба да се побараат ставови од протагонистите и од другите релевантни актери.

За секој искажан сомнеж, новинарот носи одговорност сè до неговото разјаснување во најголема можна мера што може редакцијата да го направи. Ако направи поинаку, за секоја последица или, пак, дејство од другата страна кое се коси со законот, одговорност може да има и новинарот или авторот на текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови