verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Премолчено името на „миленикот на премиерот“

on 8 - 01 - 2016       

http___www.mia.mk_mk_Inside_RenderSingleNews_380_132973227 11

[Рецензија: Николовски обвини за злоупотреби со концесиите за пасишта]

Како  еден од клучните аспекти на настанот е „изземен“ од оваа вест? Како е заборавен еден значаен „детаљ“? Како не се кажува дека дополнителниот заменик-министер за земјоделство обелодени дека во случајот со, како што изјави, злоупотреби со давање под концесија државни пасишта, клучна фигура е човек од медиумите, кој не само што ја брани политиката на владејачката постава, туку се однесува како тој самиот да е дел од власта? Одговорот е, ете така (не)убаво!

http___www.mia.mk_mk_Inside_RenderSingleNews_380_132973227Линк до оригиналниот напис: Николовски обвини за злоупотреби со концесиите за пасишта

 Датум и време на објавување: 04.01.2016 14:26

 Датум на рецензирање: 05.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЦЕНЗУРИРАНО

 Секој текст што форсира селективен пристап се коси со основите принципи на професијата. Нема оправдување дали станува збор за приватен, државен, електронски или печатен медиуми. Ама, сепак, сметам дека ваквиот прекршок, како да се зголемува имајќи го предвид фактот дека е направен од државната новинска агенција, која се финансира од буџетот, кој, пак, го полнат сите граѓани на земјата, кои имаат право на нецензуриран пристап до информациите.

Во оваа вест, која се однесува на прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски (а не министер како што е наведено во написот), не е пренесен делот каде тој јасно со име и со презиме кажува дека во, наводна, злоупотреба со државните пасишта е инволвиран и еден „медиумски работник“ – „миленикот на Никола Груевски“. Новинарски нема оправдување зошто тоа не е наведено во веста на агенцијата, бидејќи токму тоа е и главната поента во настапот на заменик-министерот – да покаже дека луѓе од блиското опкружување на премиерот добивале државно земјиште, иако, можеби, не ги исполнувале условите.

Во написот што го рецензираме се нотира дека станува збор за семејството Неделковски, но што значи тоа за обичниот читател, ако не се дополни со името на „медиумскиот работник“ кое Николовски прецизно го посочи.

„Корисник на концесијата, како што посочи Николовски, била фирмата „Натурал Фуд ДОО“ Градско чиј сопственик е Виолета Неделковска и Друштвото за продукција „Вондер Интернационал – М“ од Скопје.“

Ова стои во кусата вест, но не се продолжува понатаму, иако Николовски на прес-конференцијата ја дообјасни сопственичката структура:

„Еве ја тековната сосојба на корисникот на концесијата НАТУРАЛ ФУД ДОО  Градско издадена на 29.12.2015 година. Сопственици се Виолета Неделковска и Друштвото за продукција ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ- М ДООЕЛ Скопје. Еве ја и тековната состојба на ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ- М ДООЕЛ Скопје издадена исто така на 29.12.2015 година. Сопственик Виолета Неделковска, а управител Миленко Неделковски, миленикот на Никола Груевски. Сите со иста адреса и место на живеење.“ 

 

„ШНАЈДЕРАЈ“

Сепак, има разлика, бидејќи главната вест е дека овој човек, односно фирмата чиј управител е тој, според заменикот-министер, со само 60 кози користи пасиште кое одговара за 744 грла добиток.

„Додека другите сточари молат за парче земја за напасување на добитокот, овој миленик на Груевски добива површина колку 250 фудбалски игралишта или цел пашалук.“

Сè ќе било поинаку, од новинарска и од професионална гледна точка, ако оваа информација била содржана во агенциската вест, а не „изрежена“ како да е неважна. И токму со ваквиот „шнајдерај“ се прекршени низа членови од Кодексот на новинарите, меѓу кои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци… (член 1)

Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес. (член 5)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови