verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Предвидувања за „омилениот победник“ на изборите – новинарство нема

on 25 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

admin-ajax

 

Напис: На 11 декември Тачи ќе го победи движењето Беса и другите партии?!

Скопје, 17 ноември – Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, неофицијално според првите анализи вели дека ДПА повторно ќе биде втората албанска политичка сила во Македонија. Тачи и на изборите од 11 декември според неколкуте анкети што се пласирани во јавноста, може да се смета дека ќе обезбеди 5 места во составот на идното собрание. Претседателот на ДПА речиси има 3 сигурни пратеници во шестата изборна единица што ги опфаќа Тетово и Гостивар, додека во изборните единици број 1 и 2 преку носителите на листите, се зборува дека сигурно овие носители во конкретните единици ќе станат пратеници. Ова подразбира дека во целост ДПА на изборите од 11 декември има 5 сигурни пратеници и може слободно да формира пратеничка група во Собранието.

Инаку, партијата на Тачи иако 15 години е во опозиција, секогаш имала околу 60.000 – 70.000 гласачи, што значи дека имала минимално 6-7 пратеници во македонското собрание. За разлика од ДПА, на вонсобраниските албански партии ќе им е тешко да го заземат второто место во албанскиот политички блок. На движењето Беса и Алијансата за Албанците ќе им е тешко да го освојат гласачкото тело на Мендух Тачи, пишува „Журнал“.

 

[Рецензија: На 11 декември Тачи ќе го победи движењето Беса и другите партии?!”] 

Новинарот не може да предвиди која партија ќе победи на предвремените парламентарни избори на 11 декември во Македонија или која ќе добие повеќе или помалку пратенички мандати. Неговата улога не е да предвидува, тој не е гатач, не е магионичар, нема надчовечки моќи. Тој треба да се придржува до фактите и да зборува само врз нивна основа.

zhurnal-thaci-me-11-dhjetor-do-te-fiton-levizjen-besa-1Линк до оригиналниот напис: „На 11 декември Тачи ќе го победи движењето Беса и другите партии?!“

Датум и време на објавување: 17.11.2016

Датум на рецензирање: 24.11.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши 

 

Несоодветен наслов 

Насловот донесува заклучоци што немаат врска со фактите, ниту со докази дадени од некого, туку само врз основа на убедувањето на авторот. Прашалникот во насловот, во овој случај не игра улога. Пораката е дадена.

Предвидувањата на авторот како факти 

Авторот во овој текст предвидува дека „официјално според првите анализи се вели дека ДПА повторно ќе биде втората албанска политичка сила во Македонија“. Изворите во форма на „според првите анализи“ и „според анкетите“ не се доволно силни показатели за да се тврди нешто со сигурност. Новинарот може да ги земе предвид, но не да ги презентира како факти.

„Претседателот на ДПА, Мендух Тачи неофицијално според првите анализи вели дека ДПА повторно ќе биде втората албанска политичка сила во Македонија. Тачи и на изборите од 11 декември според неколкуте анкети што се пласирани во јавноста, може да смета дека ќе обезбеди 5 места во составот на идното  собрание.

Споменувајќи ги „првите анализи“ во овој напис, изгледа дека авторот е способен да предвидува многу повеќе отколку само редоследот на партиите на овие избори врз основа на гласовите што ќе ги добијат. Односно, способен е да предвидува и колку пратенички мандати ќе добие ДПА во секоја изборна единица.

„Претседателот на ДПА речиси има 3 сигурни пратеници во шестата изборна единица што ги опфаќа Тетово и Гостивар, додека во изборните единици број 1 и 2 преку носителите на листите, се зборува дека сигурно овие носители во конкретните единици ќе станат пратеници. Ова подразбира дека во целост ДПА на изборите од 11 декември има 5 сигурни пратеници и може слободно да формира пратеничка група во Собранието.

Притоа се коментира и за тешкотиите на другите партии да го победат Тачи, со оценка дека им е многу тешко да го добијат неговото гласачко тело.

Недостиг од извори  

Овие предвидувања во новинарскиот напис се дозволени само доколку се прават од некоја независна страна, експерт, познавач на околностите, претставник на некоја организација што прави истражувања или анкети и слично. Ова би му обезбедило поголема веродостојност на споделениот напис. Без овие извори, тврдењата се непоткрепени и изгледаат повеќе како партиска пропаганда, отколку како новинарски производ.

Прирачник за етика во новинарството: 

  • Новинарите имаат право да имаат свое мислење, став и проценка, но не смеат нивните мислења да ги камуфлираат како да се факти.  
  • Треба да бидат јасно поделени, кои се факти, а кои информации, и кои се коментари, претпоставки или ставови на авторот за да се избегне дезинформација и манипулација со јавноста.
     

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниеден извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови