Предизборен рекламен спот наместо новинарски производ
Објавено во Рецензии
on 21 - 10 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Надлежните ги решаваат проблемите на граѓаните]
Координативниот состанок на премиерот со некои министри, директори на јавни претпријатија и со градоначалници (од редовите на владејачката партија) е искористен за наменски прилог во кој се величи власта – премиерот. Овој материјал нема проблем со вистинитоста, изворите, ниту со содржајноста. Но, има фалбаџиски тон и креира перцепција дека Владата се грижи за граѓаните и е посветена на решавањето на нивните проблеми.
Линк до оригиналниот напис: Надлежните ги решаваат проблемите на граѓаните
Датум и време на објавување: 19.10.2015, 16:55
Датум на рецензирање: 19.10.2015
Рецензент: Оливера Војновска
ГРИЖЛИВАТА ВЛАДА!
За што, всушност, станува збор?
Настан (координативен состанок во Владата) кој заслужува максимум техничка вест од неколку реда, се предимензионира и се претставува како кој знае какво заседание, на кое веќе се решени горливи прашања што ги мачат граѓаните. Иако, како што се гледа од самиот прилог, има само најава за почнување на локални проекти.
Така, на пример, било договорено да се направи:
- базен за жителите во општина Шуто Оризари;
- повеќенаменско игралиште во Драчево;
- реконструкција на патот за Крилатица и негово поврзување со Кратово кое ќе се одвива низ повеќегодишен план (до 2018 година);
- изградба нов проект за водоводна и канализациона мрежа за Сопиште и за Кисела Вода;
- реконструкција на водоводната мрежа на граѓаните од Долно Лисиче (до 2019 година).
Значи, наспроти сликата што се претставува, се работи за активности кои допрва треба да почнат, а реализацијата на дел од нив (водоводот, канализационата мрежа и патот) ќе се развлече неколку години.
За одбележување е и тоа што прикажаните снимки од состанокот изгледаат некако извештачено. Особено инсертот за динамичкиот план по кој би се одвивала реконструкција на водоводната мрежа во Долно Лисиче. Поточно, дискусијата меѓу премиерот и дирекоторот на „Водовод“ (од 0,22 до 0,55 минута од видеозаписот), каде што паѓа в очи наредбата од премиерот:
„Направете ја примарната мрежа и динамички план и до 2019 година да се заврши целата мрежа, вклучувајќи ја и секундарната!“
Така што, гледано од професионален аспект, ваквиот начин на обработка и на пласирање на информацијата дава силен маркетиншки призвук. Па, целиот прилог повеќе наликува на предизборен рекламен спот за владејачката партија, отколку на новинарски производ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови