Прашање во насловот за кое нема одговор во текстот
Објавено во Рецензии
on 12 - 05 - 2016 Автор: Xhenis SulimaniНапис: Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи со Зиадин Села на телевизија?!
Вечерва во емисијата „Патот кон“ на „Алсат-М“, новинарката Арта Тахири дебатираше со претседателот на движењето Беса, Билал Касами, со Фадил Зендели од НДП и со аналитичарот Арсим Синани.
Во оваа дебата се зборуваше за обединувањето на албанската опозиција, при што Билал Касами изјави дека не сака да се соочи со Зиадин Села во телевизиски дебати, бидејќи, како што образложи тој, не сака да се кара и да ја подели албанската опозиција. Касами изјави дека Зиадин Села не го повикал на телефон за да му понуди соработка и индиректно го посочи како виновник за необединувањето на опозициските партии.
[Рецензија: Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи со Зиадин Села на телевизија?!]
Прашањата од општ јавен интерес мора да се разјаснат за јавноста. Затоа новинарот има право да постави јавни прашања. Меѓутоа, новинарот за прашањата што ги поставува треба да најде одговор, за да ѝ објасни на јавноста подобро, поточно и објективно за проблемот што го третира.
Линк до оригиналниот напис: „Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи со Зиадин Села на телевизија?!”
Датум и време на објавување: 28.04.2016
Датум на рецензирање: 03.05.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Новинарскиот производ што го рецензираме поставува прашања, но не се обидува да одговори на нив. Овој пристап ја прави веста тенденциозна и еднострана.
Текстот зборува за една телевизиска дебата, која новинарот не ја пренесува на објективен начин. Во воведот се кажуваат учесниците во телевизиската дебата, додека содржината новинарот ја фокусира само во изјавата на еден политичар, што ја толкува по своја волаа, воопшто не цитирајќи ја изјавата на истиот.
„Во оваа дебата се зборуваше за обединувањето на албанската опозиција, при што Билал Касами изјави дека не сака да се соочи со Зиадин Села во телевизиски дебати, бидејќи, како што образложи тој, не сака да се кара и да ја подели албанската опозиција. Касами изјави дека Зиадин Села не го повикал на телефон за да му понуди соработка и индиректно го посочи како виновник за необединувањето на опозициските партии“.
Текстот не е целосен бидејќи не ги пренел сите страни во дебатата. Значи, не е сеопфатен. Привлекол еден момент во дебатата и од наслов го поставил прашањето што му го насочил на претседателот на движењето Беса, но не се обидел да земе изјава директно од него. Значи, во текстот не можеме да го најдеме одговорот на прашањето што е поставено во насловот.
Новинарските производи треба да бидат објективни и сеопфатни. Етичкиот кодекс на новинарите нè учи дека „одбирањето на фактите мора да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на предметот што се третира“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови

