Рекламен текст за рекламен видеозапис!
Објавено во Рецензии
on 23 - 11 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Модерен, моќен и мотивирачки: „Атлетичарот“ е ударниот изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на кампањата]
Напис изграден чисто од епитети и од суперлативи. Станува збор за текстуално воодушевување од промотивниот спот на владејачката партија за претстојните избори. Навистина чудно. Да се прави рекламен материјал за постоечки рекламен видеозапис?!
Линк до оригиналниот напис: Модерен, моќен и мотивирачки: „Атлетичарот“ е ударниот изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на кампањата
Датум и време на објавување: 21.11.2016, 10:01
Датум на рецензирање: 22.11.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
УСУЛ ОД СИЛНИТЕ ФАЛБИ, ЕПИТЕТИ И ОД СУПЕРЛАТИВИ
Оваа објава има барем десетина епитети и најмалку два суперлатива. А за што? За текст во кој наголемо се обработува, читај фали, промотивниот видеозапис на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за изборите на 11 декември. Употребените формулации се спектакуларно фалбаџиски.
„Модерен, моќен и мотивирачки…“
„Спотот е оригинален, позитивен и епски…“
„Според виденото во овој спектакуларен епски спот, кампањата на владеачката партија ќе биде најмоќната и најдобрата досега“.
Навистина, што е многу многу е. Како народното „фали ме усто, оти ќе те расчепам“. Од аспект на информација, да, се согласувам дека е интересно да се види со каква стратегија за односи со јавноста оваа партија излегува на мегдан со опозицијата, но од гледна точка на содржајност, апсолутно немало потреба од дополнителни обајснувања за тоа каков е и што порака носи спотот. Па, сигурно публиката, за која впрочем и е наменет, може самата да сфати што сакале да кажат од центарот за комуникации. Или, да поедноставиме, овој напис е своевидна реклама за веќе постоечка реклама. Некој нов жанр ли е ова или, пак, едноставно одработување за одредена страна во изборите? Ова второто ќе да е.
Членот 6 од Кодексот на новинари вели дека
Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст…
А тука, рекламирањето е зачинето и со силна доза пристрасност. Повредата на професионалните стандарди е уште поголема со фактот дека е предизборие (член 14 од Кодексот).
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Непотребен текст, непотребно промоциско одработување, непотребно рекламирање реклама. Едноставно непотребно!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови