verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Повторувањето како мајка на шпекулативното новинарство

on 31 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Доказ.Мк Бугарски ФОКУС ја потресе вл_ - http___www.dokaz.mk_bugarski-fokus

[Рецензија: Бугарски Фокус ја потресе Владата – пола од министрите и Груевски со бугарски пасош]

 

Прашањето за тоа колку стари и нови министри и воопшто политичари на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши се влече низ страниците на нашите весници, како и темите за НЛО или непознатото водно чудовиште во заливот кај црквата Свети Наум на Охридското Езеро. Ако денеска нема тема или  вест со која ќе се предизвика внимание кај читателите, се вади од фиока нешто што е веќе објавувано, што сигурно предивикува реакција, ама мора да се смета на кусата меморија на консументите. Ова е таква вест.

Доказ.Мк Бугарски ФОКУС ја потресе вл_ - http___www.dokaz.mk_bugarski-fokusЛинк до оригиналниот напис: Бугарски Фокус ја потресе Владата – пола од министрите и Груевски со бугарски пасош

Датум и време на објавување: 30.05.2016

Датум на рецензирање: 30.05.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

РЕЦИКЛИРАНА ВЕСТ

„Бугарската новинска агенција Фокус информираат дека во Македонија владата повеќе од пола веќе имаат бугарски пасош и двојно државјанство, пренесува српска Правда. Како што пренел порталот Албеу , бугарски пасоши имаат и најблиските соработници на екс премиерот Никола Груевски. Освен Бонева , бугарски пасош имаат и Антонио Милошовски, кој беше шест години шеф на македонската дипломатија. Потоа освен него имаат исто така бугарски пасош и Илија Димовски и Александар Николовски“.

Кога во 70-тите години читавме дека 30 отсто од вработените во американските редакции се истражувачи, односно проверувачи на факти, се чудевме. Ама дека некој во нашите редакции треба да го прави тоа, говори и објавата што ја рецензираме. За вести од ваков тип трагови има сè до јули 2006 година, ако се оди наназад, ако се користи daily.mk, на пример. Последен пат, пак, околу тоа се направи сензација во ноември 2015 година (види тука).

Најпрвин, барем денес не треба многу вработени за да се провери веста и да се констатира дека е бајата и многу е повторувана. Овојпат ние пренесуваме што пишува софиски „Фокус“ од српски извор (!), кој, пак, се повикува на албански, а овој веројатно на некој постар македонски извор! Типичен круг од типот „радио Милева“, кога нешто што можеби е вистинито, ама не е проверено, се врти како сказалките на часовникот.

Не навлегувајќи во поединечните оцени на бугарската агенција „Фокус“, треба да напоменеме дека периодичното повторување на ова „сознание“ го натераа самиот „Фокус“ да демантира. Последен пат тоа било во ноември 2015 година (види тука).

 

ДЕМАНТ БЕЗ ГРАНИЦА

„Во случајот, најверојатно, станува збор или за грешка на дежурните уредници во македонските медиуми, кои во принцип ги подготвуваат меѓународните емисии целосно потпирајќи се на информации од агенцијата “Фокус”, бидејќи им е полесно да адаптираат текстови од литературен бугарски јазик, отколку да преведуваат од англиски, германски, француски или руски јазик. Втората можност е на овој начин во Македонија да се расчистуваат внатрешнополитички пресметки околу претстојните избори“, стои во демантот.

Оваа тема треба или да се престане да се повторува во ваква форма (без веродостојни извори, факти и аргументација), или ако политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ заслужува такви обвинувања, да се обезбедат доволно факти со свое истражување за „бугарските пасоши на македонските политичари“. Затоа што, факт е дека експремиерот и поранешен претседател на оваа партија, Љубчо Георгиевски, го призна поседувањето на бугарско државјанство, ама за другите споменати (и неспоменати ама „броени“) познати личности, неоходни се цврсти докази.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови