verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Површно и погрешно пренесување на информациите

on 22 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Anketa-e-IRI-it-BDI-e-para-luftë-mes-PDSH-së-dhe-LR-PDSh-për-vendin-e-dytë-–-Tetova-Sot1-484x380

 

Напис: Анкета на ИРИ: ДУИ на прво место, борба меѓу ДПА и ДР-ДПА за второто место

Според анкетата реализирана од ИРИ, Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон, од албанските партии ДУИ продолжува да биде најдоверлива кај Албанците со 6 отсто.

Борба се води за второто место, меѓу ДПА, Беса и ДР-ДПА.

 

[Рецензија – Анкета на ИРИ: ДУИ на прво место, борба меѓу ДПА и ДР-ДПА за второто место]

Една мултидимензионална анкета за рејтинзите на политичките партии, и не само за нив, во текстот што го рецензираме е пренесена само со две реченици. И овој краток текст, таков каков што е, повеќе шири магла отколку што ги појаснува работите. Дури, се забележува и искривување на фактите од анкетата.

Anketa e IRI it BDI e para luftë mes PDSH së dhe LR PDSh për vendin e dytë – Tetova SotЛинк до оригиналниот напис:  Анкета на ИРИ: ДУИ на прво место, борба меѓу ДПА и ДР-ДПА за второто место

Датум и време на објавување: 09.06.2016

Датум на рецензирање: 10.06.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

Освен класичните рејтинзи, последната анкета на ИРИ го истражува јавното мислење со разни прашања околу ангажманот и учеството на политичките партии на терен, со прашања како „на која партија припаѓате или мислите да припаѓате“, „која партија е поактивна во вашето живеалиште“ или „која партија работи повеќе за да ја добие вашата подршка“. Сето ова претставува доволен материјал за анализа од медиумите, но овој текст, наместо ова, овој обемен материјал го „пакува“ само во две реченици.

Дури и инфографиците во илустративна форма не се преведени на албански јазик, правејќи го текстот уште понедофатлив за читателите.

Анкетата нуди и компаративни податоци за неколку различни периоди, но во овој текст недостига и компаративната анализа.

Меѓутоа, главниот проблем со овој напис е искривувањето на фактите. Намерно или не, авторот направил тешка манипулација со податоците од анкетата. Уште од насловот, но и во текстот, тој ја спомнува ДР-ДПА како претендент за втората позиција во редот на албанските политички партии, иако анкетата воопшто не дава резултати за ДР-ДПА.

„Според анкетата реализирана од ИРИ, Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон, од албанските партии ДУИ продолжува да биде најдоверлива кај Албанците со 6 отсто.

Борба се води за второто место, меѓу ДПА, Беса и ДР-ДПА“, се вели во текстот.

 

Единствените албански партии што фигурираат во оваа анкета на ИРИ се ДУИ, Беса, ДПА и НДП. Не е јасно од каде авторот го извадил резултатот на ДР-ДПА, што го спомнува во текстот.

Кодексот на новинарите јасно порачува дека „новинарот треба да објави вистинити и потврдени информации и нема да прикрие суштински податоци или да фалсификува документи“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

Дезинформира

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови