Повредата на авторското право во Македонија е казнива со закон
Објавено во Рецензии
on 29 - 06 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Специјално судско одделение ќе стане нов услов за изборите?]
Во последно време плагијаторството станува загрижувачки начин на собирање некој клик повеќе. Професионалните редакции, во кои има искусни новинари, постојано се на мета на плагијатори од таканаречените човек-портали или блогови, кои најчесто и не го наведуваат изворот, туку си го пренесуваат текстот како нивни производ. Таков е примерот и со написот кој е предмет на оваа рецензија.
Линк до оригиналниот напис: СПЕЦИЈАЛНО СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СТАНЕ НОВ УСЛОВ ЗА ИЗБОРИТЕ?
Датум и време на објавување: 28.06.2016
Датум на рецензирање: 29.06.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
Во случајов се работи за текст објавен во весникот „Слободен печат“, кој потоа со уредно назначување од каде е преземен и кој е авторот, е пренесен во „Плусинфо“. Потоа настанува расипаниот телефон со преземање на целиот текст од портали, кои најчесто се без вработени или во состојба „газда-новинар“ и настанува целата катастрофа. Така, од еден на друг портал се менува и изворот, што е целосно погрешно и неетички.
Насловот е ист на сите места, а без корекции е и текстот.
ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ Е ЈАСЕН
Инаку, како што веќе сме пишувале во „Сервисот за проверка на факти од медиумите“, а стои во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија::
„Правењето плагијати е недозволиво. Цитатите не треба да се користат без одобрение од изворот или авторот.“
Како што тогаш пишувавме, повредата на авторското право и на сродните права во Македонија е казнива со закон. Медиумите, вклучувајќи ги и тие на интернет, не се исклучени од законската одговорност. Интернет-порталот, во случај на прикажување на една одредена фотографија, аудиовизуелно дело, дело од фигуративната уметност, пишано дело, музичко дело и други авторски дела, мора да го напише авторот и од каде го презел авторското дело (хиперлинк на интернет-порталот или на некој друг начин). Во случај да не постои договор за соработка, тој што презема авторско дело, мора да исплати надомест.
Оваа практика на неовластено преземање туѓи дела и нивно објавување без името на авторот во Македонија мора да престане!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
преземен текст без наведен автор
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не апликативно
КОМЕНТИРАЊЕ
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
стилски уреден