Поттикнувањето омраза не е етичко!
Објавено во Рецензии
on 5 - 04 - 2016 Автор: Fatlume DervishiНапис: Јавниот обвинител Зврлевски вели дека ќе се бори против Албанците бидејќи тие се „терористи“
Скопје, 22 март – Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, со неговата последна изјава ја потресе домашната јавност бидејќи на индиректен начин ги обвинува македонските Албанци нарекувајќи ги „терористи“ и дека сериозно ќе се занимава со нив. Зврлевски се обидува да ги оцрни Албанците велејќи дека се радикални исламисти. Со оваа негова изјава сака предвреме да го подготви теренот и да ги етикетира Албанците како фактор за дестабилизација на Македонија.
Тој, меѓу другото, изјавил дека борбата против тероризмот и учеството во туѓи војни е предизвик за градењето на еден меѓународен однос што ќе им го попречи патот на ваков вид казнени дела.
„Република Македонија има сериозен пристап во менаџирањето со овој вид криминал и освен постоењето на законската рамка, гради и институционална рамка која на важен начин ќе придонесува во соочувањето со овој предизвик“, додаде Зврлевски.
[Рецензија: Јавниот обвинител Зврлевски вели дека ќе се бори против Албанците бидејќи тие се „терористи“]
Пред да напише еден новинарски напис, авторот треба да ги има предвид сите етички стандарди на професијата. Авторот треба да знае дека ѝ се обраќа на една јавност или една маса што има емоции, одредена култура, одредена историја и одредени убедувања, кои се различни во различнни групи. Актуелната состојба во земјава покажува дека во мултиетничка Македонија работите се уште покомплицирани, па затоа новинарите треба да имаат професионална совест уште почувствителна од вообичаено.
Линк до оригиналниот напис: Јавниот обвинител Зврлевски вели дека ќе се бори против Албанците, бидејќи тие се „терористи“
Датум и време на објавување: 22.03.2016
Датум на рецензирање: 28.03.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Оваа совест треба да влијае за едно пообјективно известување, дури и да ги „згасне“ можните конфликти, бидејќи, на крајот на краиштата, функција на медиумите е и едукацијата.
Новинарот треба да се придржува до општествените стандарди и коректноста и да ги почитува етничките, културните и верските разлики во Македонија, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија.
Насловот е тенденциозен и провокативен и се потпира на нешто неподдржано со факти во текстот.
Делот што го толкувал авторот, реферирајќи на говорот на јавниот обвинител Марко Зврлевски, остава доста сомнежи за неговата вистинитост бидејќи истиот не е цитиран никаде. Јавноста што прочитала за настанот и во другите медиуми, не видела ниедна таква изјава, па затоа, фактот што говорот не се цитира целосно, како што е кажан, фрла една сенка сомнеж за текстот и отвара сериозни етички проблеми.
„Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, со неговата последна изјава ја потресе домашната јавност бидејќи на индиректен начин ги обвинува македонските Албанци нарекувајќи ги „терористи“ и дека сериозно ќе се занимава со нив. Зврлевски се обидува да ги оцрни Албанците велејќи дека се радикални исламисти. Со оваа негова изјава сака предвреме да го подготви теренот и да ги етикетира Албанците како фактор за дестабилизација на Македонија.“
Тоа што подоцна се цитира во текстот како оригинално зборување на Зврлевски, нема никаква врска со првичното тврдење.
„Република Македонија има сериозен пристап во менаџирањето со овој вид криминал и освен постоењето на законската рамка, гради и институционална рамка која на важен начин ќе придонесува во соочувањето со овој предизвик“, се цитира Зврлевски.
Во овој случај, овој вид известување не значи дека авторот се ставил во одбрана на интересите на неговата публика, така како што можеби тој мисли. Напротив, содржината ја поттикнува јавноста, дури и со нешто што не е докажано во текстот. Во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија пишува:
Новинарот треба да биде свесен за предметите кои се етнички, културни, верски и сексуално чувствителни и да ги третира во согласност со тоа.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
Поттикнувачки говор
Можеби
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови