verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поттикнување омраза

on 25 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kalajdjiev

[Рецензија: Хулиганите ги стигнува правдата за штетата од над 200.000 евра: Професорот Калајџиев повикан во полиција]

Најмалку пет од 17 членови на Кодексот на новинарите се прекршени со оваа медиумска содржина. Кога ќе се земе предвид овој факт, станува збор за сериозна девијација од професионалните новинарски стандарди.

На тоа треба јасно да се укаже и да се аргументираат нотираните отстапувања за да можат граѓаните, публиката, да добијат прецизна, контрастирана слика за медиумската содржина која, како таква, нема место во витрината на професионалното етички коректно новинарство.

Првиот доминантен отскок од неопходниот минимум стандарди е политичката пристрасност. Почнувајќи од насловот, додавајќи ја отворената политичка обоеност во речиси сите реченици на овој текст.

Во таа смисла, членот 14 од Кодексот е многу прецизен:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 

05232016-Republika-KalajdziЛинк до оригиналниот напис: Хулиганите ги стигнува правдата за штетата од над 200.000 евра: Професорот Калајџиев повикан во полиција

Датум и време на објавување: 23.05.2016, 11:16

Датум на рецензирање: 24.05.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ДИСКРИМИНИРАЧКИ И КЛЕВЕТНИЧКИ ТЕКСТ

Медиумската содржина што ја рецензираме нема испочитувано ниту едно правило од основите на новинарството. На пример – да биде чуена втората страна.

Бидејки го нема тоа, публиката е соочена со нецелосен, несеопфатен текст, кој, следствено, не може да скрие дека е дискриминирачки и клеветнички. Доколку при пишувањето на оваа содржина се имал на ум членот 10 од Кодексот, веројатно ќе беше јасно дека не треба да се прави тоа. Препораките од овој член велат:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Наместо придржување до овие препораки, текстот што го рецензираме го исклучува индивидуалното право на протест и додека политички пристрасно го портретира професорот Калајџиев, му накалемува и политичка припадност:

„Калајџиев е универзитетски професор и ваквото вандалско однесување го прави во име на партија која 10 години е во опозиција, која ја втурна Македонија во длабока криза, а свесна за мизерниот рејтинг бега од избори и соочување со народот.“

Овој цитат открива уште една сериозна отстапка кога станува збор за коментирањето и за изнесувањето мислење. Новинарите имаат право на мислење и да коментираат, но тоа се прави во посебно определени рубрики во медиумот. Овој текст и коментарите во него се објавени во рубриката „Македонија“.

Еве што вели членот 13 од Кодексот:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Одиме понатаму и не можеме да ја избегнеме оваа реченица:

„Професорот е само еден од низата хулигани кои ќе одговараат за стореното“.

Вака напишана, таа прекршува уште еден член – членот 15, кој наложува дека новинарите треба да практикуваат култура во комуникацијата:

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Ако новинарите не го прават тоа и ако нарушуваат дури пет членови од нивниот Кодекс, тогаш тие го подриваат достоинството на професијата. И тоа е предвидено во Кодексот и за тоа е определена препорака, која во членот 16 нагласува:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Освен константираните некултура и дискриминација, овој текст има сериозни тенденции да поттикне омраза, што е крајно непримерно за медиуми и за медиумски професионалци, бидејќи со тоа се претвораат во алатка за пропаганда.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови