Потпалувачка фотографија
Објавено во Рецензии
on 18 - 04 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ]
Материјалот е проблематичен од неколку аспекти, меѓу кои, пред сè, се истакнува употребената фотографија. Потпалувачка „фотка“, за веќе и онака експлозивната ситуација.
Линк до оригиналниот напис: За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ
Датум и време на објавување: 12.04.2016 20:32
Датум на рецензирање: 15.04.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
КОЈ ПОСАКУВА НАСИЛСТВО?
Намерен, а недозволен потег! Кажано со фудбалски жаргон, заслужува црвен картон. Се објавува информација дека се подготвуваат протести пред седиштето на опозицијата и се илустрира со фотографија, на која се прикажани припадници на МВР како разбиваат насилни нереди со запалени контејнери покрај нив. Случајно? Не, воопшто не е за верување! Можам да се обложам дека намерно е направен таков избор на фотографијата.
Која била целта да се пласира вест дека ќе има собир пред штабот на СДСМ и притоа да се искористи слика што не само што воопшто не соодветствува, туку може и да поттикне немири? Одговорот е или се посакува насилство или се имплицира дека треба да се случи насилство.
Зошто, на пример, не е употребена фотографија од објектот на опозицијата? Тоа би била една коректна постапка, ама очигледно дека материјалот имал поинакви цели од едно обично информирање. Членот 10 од Кодексот на новинарите, меѓу другото, опфаќа и вакви ситуации кога вели:
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство…
НИТУ „С“ ОД СПОНТАНОСТ
Другите „проблематични точки“ што ги детектираме се недоследноста во формулациите. На едно место се вели: „…помилување на криминалците Зоран Заев и Зоран Верушевски“, а подолу пишува: „Зоран Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување“. Како тоа се квалификуваат дека се криминалци, а сè уште не се осудени? Ова, сигурно не е презумција на невиност, туку претпоставка на вина.
Не треба да се изуми ниту „наивноста“ што ни се нуди, демек собирите што се најавуваат, а всушност се афирмираат преку овој текст, се спонтани. Настаните од наредните денови покажаа дека тој протест всушност само бил вовед во официјализирањето на организатозорот на контрасобирите. Значи, нема ниту „с“ од спонатност.
Потпалувачко четиво кое не само што не дава целосна слика за случувањата од конкретната ноќ, туку и отворено зазема страна преку пласирањето исклучително опасна фотографија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
опасна, поттикнувачка фотографија ачка
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
индиректно, да
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови