Портокалов памфлет обландиран во вест
Објавено во Рецензии
on 27 - 04 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Дали од „Сојузот на борците на Македонија“ се свесни КОГО и ШТО поддржуваат?]
Обоено коментаторство камуфлирано во вест. Неприфатливо мешање на жанрови и заведување на публиката дека ѝ се нуди чиста информација, а всушност се пласира став што недвосмислено кореспондира со оној на извесна партија. Погодете која!
Линк до оригиналниот напис: Дали од „Сојузот на борците на Македонија“ се свесни КОГО и ШТО поддржуваат?
Датум и време на објавување: 25.04.2016 08:37
Датум на рецензирање: 26.04.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ИЗМЕШАНИ ЛОНЧИЊА
Целта на текстот е јасна – да се упати јавна осуда за чинот на поддршка на Сојузот на борците за протестите што две седмици траат во земјата. Тоа што не можела да го направи партијата, го сторил овој напис. Начинот на кој е тоа изведено е некако подмолен – подметнат е коментар како, демек, да станува збор за основна информација, своевидно медиумско кукавичко јајце. Речиси целиот напис, или огромен дел од него, е чист коментар.
„Со сета почит од редакцијата на Пулс24 за нивниот допринос во Втората светска војна, не можеме, а да не се запрашаме дали истите тие луѓе се свесни дека овој пат ја водат битката за Македонија на противничката страна?
Сите реакции до јавноста губат на тежина кога им даваат поддршка на активисти, платеници и предавници на државата кои веќе две години на секој начин се обидуваат да го срушат Уставниот поредок во земјава и да инсталираат марионета со која полесно ќе се остварат плановите на Америка за Македонија.“
Јасно е дека, од жанровски аспект, целсно се испомешани „лончињата“ и иако написот е во категоријата „вести“, тој, всушност, требало да биде во „мислења“ или „коментари“. Со таквиот пристап прекршен е Кодексот на новинарите кој нормира дека треба да има поделба меѓу веста и мислењето.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот (член 13)
ЧАС ПО ИСТОРИЈА ЗА ВЕТЕРАНИТЕ!
Како да не било малку тоа што нечиј став се „продава“ како легитимна информација, па уште и пласираното мислење не само што е обоено, туку има нота на нескриен пропагандизам. Им се држи лекција и час по историја на група луѓе кои самите учествувале во пишувањето на таа историја. Плус, се обвинуваат дека се на погрешната страна од, условно кажано, барикадите. Чиниш, напишаното овде е врвен суд и апсолутна вистина. Тоа доволно говори дека четивото зафатило страна, нормално, различна од онаа на борците ветерани, па затоа и остро им се забележува за нивната одлука.
„Лесно е да се продефилира на улици и да се рече дека ова е борба за Македонија, но борците од сојузот треба сериозно да се запрашаат за што се борат и дали се свесни дека нивната некогашна борба за слобода на земјата засекогаш ќе биде избришана доколку ова лудило победи и нѐ остави сите нас без најсветото нешто за што нашите предци отсекогаш со крв и пот се мачеле да го задржат – МАКЕДОНИЈА. Затоа да се запрашаме: За кои борци всушност овде станува збор.“
Значи, необјективност, обоеност, несоодветен коментар, осуда…. Симптоми на непрофесионализам.
Дијагнозата е дека ова е памфлет чие место е повеќе меѓу партиски соопштенија и билтени, отколку во редот веродостојни медиумски производи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови