Поменот на самопрогласениот српски генерал не е вест
Објавено во Рецензии
on 18 - 01 - 2017 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО)]
Веста со која треба да се потсетиме дека во Белград му бил даден помен на познатиот криминалец и воен злосторник Аркан, укажува дека дел од медиумите кај нас кон овој темен лик од поблиската историја на Балканот сè уште негуваат емотивни врски. Преносот на таквата вест, најверојатно од српските медиуми, нема никакво оправдување за третман во тукашната средина.
Линк до оригиналниот напис: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 15.1.2017 – 16:14
Датум на рецензирање: 16.01.2017
Рецензент: Љубомир Костовски
ПРИВАТЕН ПОМЕН, ЈАВЕН ИНТЕРЕС?
„Познатата српска пејачка Цеца и двете деца која таа ги има од бракот со Жељко Ражњатовиќ – Аркан, денеска организираа помен на гробот на генералот кој беше убиен на денешен ден точно пред 17 години.
Убиството врз Акан беше извршено на 15 јануари 2000 година во хотелот ’Интерконтинентал’ во Белград“.
Од овој извадок се гледа дека нема никакво објаснување зошто еден приватен помен би претставувал јавен интерес. Имено, се работи за 17 години од убиството на овој криминалец од прв ранг, што значи не е некоја „тркалезна“ годишнина, а нема ниту некој нов повод (да речеме некое интересно сознание за убиениот или убиецот или нарачателите).
Особено е впечатливо дека авторот на веста се држи до титулата „генерал“ при споменувањето на името на покојникот, иако ниту малку не е јасно зошто е тој носител на највисок армиски чин, ако се знае дека тој раководеше со паравоена единица (!) и самиот си одредил какви еполети ќе си стави! Во вакви случаи, обично во веста се додава дека се работи за самонаречен генерал.
Да се спомене и дека со веста има и видеоприлог од поменот, што дополнително збунува. Трае околу 20 секунди и ни предава само почеток на шематската молитва на попот, па не открива никаков повод зошто е воопшто поставена?
Барем да се кажеше некој збор за тоа кој навистина беше Аркан.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни,
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
Написот го сокрива вистинскиот лик на покојникот
Нема релевантни информации за покојникот
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
Користењето на зборот генерал ги навредува сите вистински генерали
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови