Политичко „фарбарње“ на „Шарената револуција“
Објавено во Рецензии
on 30 - 05 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Платеничката револуција го покажа вистинското лице: Застана зад лидерот аболиран за криминал од 8 милиони евра украдени од државата]
„Боење“ ама со партиско-политички тон. Овој медиумски производ е продолжение на серијалот, што се обидува „Шарената револуција“ по секоја цена да ја врами во домашниот дневен политики дискурс – власт наспроти опозиција. Притоа се користат, од новинарска гледна точка, недозволени средства.
Линк до оригиналниот напис: Платеничката револуција го покажа вистинското лице: Застана зад лидерот аболиран за криминал од 8 милиони евра украдени од државата
Датум и време на објавување: 25.05. 2016, 22:43
Датум на рецензирање: 27.05.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„КЕЦ НА ДЕСЕТКА“
Појавувањето на лидерот на опозицијата и дел од неговите соработници на еден од протестите на „Шарената револуција“, некому му легна како „кец на десетка“ за медиумски да го „оправда“ неколкунеделното претходно фарбање на „револуцијата“ како партиски проект на СДСМ. И, ете, тоа се случи – врвот на социјалдемократите дојде на демонстрациите и веднаш се разгласија „дежурните врескачи“ дека „револуционерите“ си го покажале наводното вистинско лице кое, според написов, е политички инструирано.
Интересно, поддршката на Заев и на неговите сопартијци искажана со физичко присуство на протест, во текстот се образложува како некакво легитимирање на лидерот на опозицијата како лидер и на „Шарената револуција“. Секако, прашањето е како тоа е докажано? Одговорот е – никако! Зашто, едноставно, аргументи за јасна поткрепа на острото тврдење нема. Не е новина дека СДСМ ги поддржува демонстрантите и нивните барања зашто интересите на партијата и на организациите кои стојат зад „револуцијата“ во конкретниот момент конвергираат, а една од главните точки на спојување е целосно повлекување на аболицијата.
Значи, новинарски гледано, ако кажете дека протестите имаат поддршка од опозицијата тоа не е нова информација, но ако тврдите дека Заев е главен во тие собири, тогаш има проблем бидејќи тезата, од професионален аспект, е недокажана – лебди во воздух.
„Лидерот на СДСМ, со вандалскиот чин на фрлање боја на Министерството за правда конечно го покажа висинското лице, дека не само што е лидер на опозицијата туку е и лидер на Шарената револуција.“
Оттука, би рекол дека појавувањето на претседателот на СДСМ на улиците го прави мастермајнд на „револуционерите“, исто онолку колку што, еве, на пример, средбата на Никола Груевски со Џорџ Сорос, експремиерот го става во редот на т.н. соросоиди.
ПРЕУВЕЛИЧУВАЊЕ
Понатаму, во текстот се забележува и генерализација и преувеличување, секако во негативен контекст. Се тврди дека демонстрантите биле насилни. Да, имаше инциденти, најсериозен оној со демолирањето на народната канцеларија на Иванов, ама тоа во никој случај не ја оправдува констатцијата дека собирите се насилни. Искажувањето незадоволство со користење боја не е вообичаена дефиниција за насилство.
Не може, а да не се нотираат и нејаснотиите и непрецизностите во текстот:
„Неговата партнерка Шекеринка исто така беше инволвирана во сериозен криминал за кој беше осомничен и аболициран нејзиниот сопруг.“
Тој случај се однесуваше, пред сè, на нејзиниот сопруг, а таа беше повеќе колатерална штета во пресметката зашто власта политички го искористи. Но, прашањето е што има врска таа информација со протестите? Содржински никаква, ама политички е (не)оправдана, зашто се дискредитира и противникот и демонстрантите. „Со еден удар се соборуваат две муви“!
Заклучокот е дека овој материјал не е случаен и не е туку-така изнедрен, туку претходно осмислен и само се чекала директната инспирација за објавување – појавувањето на опозиционерскиот врв на протестите.
Пример за медиумско стигматизирање и за политичко „фарбање“ на едно движење.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови