verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политички памфлет за оцрнување на Ванхауте

on 30 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте]

 

Од авион се гледа дека вистинската намера на текстот што го рецензираме e да се оцрни експертот Питер Ванхауте, што, пак, е на линија со ставовите и на постапките на владејачката партија кога е во прашање белгискиот преговарач. Политичката пристасност на оваа тенденциозна објава е видлива од насловната констукција, па до последниот ред. Материјалот повеќе наликува на политички памфлет отколку на новинарски производ.

vanhojte pari fondoviЛинк до оригиналниот напис: Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте

Датум и време на објавување: 25.03.2016, 18:16

Датум на рецензирање: 29.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕПОТВРДЕНИ ОБВИНУВАЊА

Во написот нема веродостоен доказ дека Канцеларијата на ЕУ во Скопје се оградила од Ванхауте, како што се тврди во насловот. Споменатата реакција не е линкувана и истата ја објавија само медиумите наклонети на владејачката партија. Инаку, реакцијата на којашто се повикува текстот, ја нема на веб-страницата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Исто така,  и во реакцијата посочена во овој текст никаде не може да се види дека ЕУ се оградува од Ванхауте.

„Делегацијата на Европската Унија во Скопје многу сериозно ги сфаќа обвинувањата за злоупотреба на ИПА фондовите и секој кој поседува таква информација треба да ја достави до ОЛАФ.“

Проблематично е и тврдењето дека тоа повторно се случува. Во написот нема линкувани текстови со кои ќе може да се потврди дека и порано имало некакво оградување од Делегацијата на ЕУ.

 

СПИНЕРСКА КОНСТРУКЦИЈА

„Денеска, на последниот работен ден како најверојатно најлош и најпристрасен медијатор во историјата, Питер Ванхауте јавно повика на насилно преземање на власта. За фламанскиот  провокатор  – менување на власта на избори веќе не е опција.“

Во написот нема аргументи за ваквите наводи. Тезата, најверојатно, се црпи од интервјуто на Ванхауте дадено за „Дојче веле“, од кое е извлечен од контекст еден фрагмент  од неговиот одговор на прашањето: „Политичката криза во Македонија трае повеќе од една година и нема решение на повидок. Што е според Вас најголемата пречка?“ 

Во интерес на вистината, треба да се каже дека Ванхауте во рамките на една поширока елаборација за претстојните избори, во споменатото интервју вели:

„Најголемата пречка за позитивен исход е недостигот од одлучност на меѓународната заедница. Речиси е невозможно за локалните граѓани да го вратат општеството во нормала. Промена на режимот преку избори повеќе не е опција. Меѓународната поддршка е единствена алтернатива, а итно е потребно дејствување. Тоа дејствување треба да резултира во создавање ад хок техничка влада за најмалку две-три години, време кое е неопходно за решавање на бројните проблеми, во финансискиот менаџмент, судството, образованието и во медиумите, со кои се соочува земјата.“

Но, во медиумската содржина што е предмет на рецензија и во која комплетно затаиле новинарските стандарди, намерно  се прави спинерска конструкција и целосно се извртува поената на тоа што го кажува Ванхауте.

Во финишот на оваа папазјанија од текст, пишувана со навредлив речник, неизбежно се споменува и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ). Притоа, се посочува како Ванхауте и пранешниот директор на ФООМ,  биле „фатени во кафеана“!  А, тоа, според перцепцијата што се креира, претставува голем грев! 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови