Политички инсинуации
Објавено во Рецензии
on 22 - 08 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Се поочигледна поврзаноста помеѓу СДСМ и СЈО: Жерновски призна дека никогаш не бил физички нападнат]
Кармакаша од текст, измешано сè и сешто. Ефектот е целосна конфузија, не се знае од каде тргнал написот и каде завршил. Причинско-последичните врски не само што се прекинати, туку како и да непостојат. Наместо новинарско образложување и поедноставување на ситуацијата за публиката полесно да се воведе во приказната, имаме обоени формулации, пристрасни констатции и политички инсинуации.
Линк до оригиналниот напис: Се поочигледна поврзаноста помеѓу СДСМ и СЈО: Жерновски призна дека никогаш не бил физички нападнат
Датум и време на објавување: 16.08.2016, 17:52
Датум на рецензирање: 19.08.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ARGUMENTUM AD ABSURDUM
Повеќе од јасен е обидот за спинување на фактичката состојба која вели дека Специјалното јавно обвинителство се интересира, отвора предмет за случувањата пред Општина Центар во 2013 година кога стотици луѓе влегоа во дворот на објектот и речиси физички се пресметаа со дел од општинските советници. Овој настан дополнително доби тежина по обелоденувањето на „бомбата“ која откри партиска организација на „спонтаниот собир“ и нарачки од тогашниот премиер за шлаканици за градоначалникот на Центар.
Главната теза е дека предметот на СЈО е во предистражна постапка, а дека Андреј Жерновски, по средбата во Oбвинителството, најавил дека повторно ќе биде повикан. Тоа, според наведеното, било доказ дека опозицијата е во „дослух“ со СЈО и оттука тврдењето:
„Тајноста на предистражната постапка во овој случај очигледно не е пречка функционери на опозицијата однапред да ги знаат предметите на Спцеијалното обвинителство пред истите да бидат јавно објавени“.
Па, човекот не соопшти детали од разговорите во СЈО, туку само го потврди тоа што веќе и го потврдија „бомбите“, дека има докази оти протетсите пред Општината пред 3 години биле партиски организирани, за што и бил повикан пред обвинителите. Ова не ги поткрепува наводите и тезите во написот за кршење на предистражна постапка.
НЕВИСТИНА
Не може, а да не се забележи argumentum ad absurdum:
„И покрај материјалите кои ги презентираше СДСМ за наводна пресметка која се планира со градоначалникот на општина Центар, Жерновски попладнево призна дека тој никогаш не бил физички нападнат“.
Значи, се споменува дека опозицијата информирала дека се планирала пресметка, а потоа се вели дека Жерновски негирал дека имало физички контакт на насобраните со него. Апсурдно, нудиш доказ што те демантира. И во пренесената изјава на градоначалникот на Центар јасно се вели дека имало обиди тој да биде испровоциран, но дека тоа не се случило и затоа не паднале шамарите, како што барал експремиерот.
Чудно, во насловот се зборува за врска меѓу СДСМ и СЈО, а главниот протагонист во написот Андреј Жерновски е од ЛДП. Ова е обид за извртување на состојбата.
Конечно, шлагот на тортата, гранд финалето, црешата на врвот е невистината што се пласира на крајот на материјалот дека протестите биле зашто општината предводена од Жерновски имала намера да ја урне црквата Свети Елена и Константин.
Тоа едноставно не беше така, како и што беше тогаш објавено, туку некој во 2013 година сакаше пред јавноста така да го оправда насилниот собир пред општинските простории, наводниот народен револт. И сега во 2016 година некој повторно се обидува медиумски да ни ја продаде истата приказна. Но, за три години нештата се променија и некои работи се разголија.
Оттука, ниту ваков некоректен производ не може да ја „замачка“ вистинската слика за случувањата тој 7 јуни 2013 година.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови