Политичката острастеност е канцер за новинарството
Објавено во Рецензии
on 8 - 02 - 2017 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: СДСМ ги почна преговорите со ДУИ – преговараат само со своите!]
Текстот што е предмет на оваа рецензија, ќе беше сосема во ред доколку го прочитавме во категоријата „Мислења“. Така ќе беа прифатливи сите коментари и оценки. Па дури и квалификациите и осудувањата на ставовите и на постапките на личностите што се спомнуваат во текстот ќе беа прифатени како лични оценки, иако и тоа е недолично во јавната комуникација. Особено како во овој пасус:
„Тоа е како СДСМ да преговара сам со себе, а патем овие луѓе спаѓаат во најкорумпираниот дел од ДУИ“.
Членот 11 од Кодексот на новинарите јасно препорачува:
Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и на религиозните различности во Македонија.
Да оквалификувате некого како „најкорумпиран“, треба да имате сериозни и опипливи аргументи. Особено ако таков текст се објавува во рубриката „Македонија“ во која, сосема според стандардите, се очекуваат текстови во кои има воздржаност од коментари или, пак, ако има, тогаш тие се јасно издвоени од новинарскиот извештај.
Впрочем, кодексот на новинарите го предидел и тоа и затоа, во членот 13, препорачал:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ ги почна преговорите со ДУИ – преговараат само со своите!
Датум и време на објавување: 06.02.2017, 16:23
Датум на рецензирање: 08.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
НЕДОЛИЧНИ И НЕАРГУМЕНТИРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Овој текст е полн со коментари, недолични и неаргументирани квалификации за поединци и со напади на новинари за изнесени лични мислења во јавна дебата.
„Опозиционерката Блажевска, поради гнев од ваквите анализи на ДУИ со цинизам реплицираше дека партијата ја релативизира реалноста“.
И во однос на оваа отстапка од професионалните етички стандарди во овој текст, повторно ќе се повикаме на новинарскиот кодекс и на членот 10:
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Овие отстапки од правилата на доброто новинарство како да не биле доволни и за да се засилат, во текстот е вметната и една изјава на еден шпански професор кој во претходните денови за еден друг медиум го толкуваше македонскиот Устав во делот на овластувањата на претседателот на нашата држава поврани со изборите. И тоа ќе беше во ред да не беше овој шпански екпсерт ставен само во контекстот на интересите на само една политичка партија. Тоа му додава црта на политичка пристрасност, а членот 14 од Кодексот инсистира известувањето од политичките процеси, особено од изборите, да биде непристрасно и избалансирано, а новинарот да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови