Политичка парола има, информација нема!
Објавено во Рецензии
on 15 - 08 - 2016 Автор: Југослава Дуковска[Рецензија: ВИДЕО:Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја]
Актуелен настан, исклучителни околности во кои се случува, со актер кој е високопрофилна политичка фигура, а веста која им се соопштува на читателите – нула. Се работи за веста дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, ги посетил поплавените делови на Скопје, донел помош и дури се фатил и самиот да помага во некои од куќите кои ги посетил со својата делегација. Веста, со сите детали, ја пренесоа бројни медиуми во земјата, но, за разлика од нив, ова писание се состои само од една единствена реченица, која е всушност став, односно мислење и не ги содржи потребните елементи што сочинуваат една новинарска вест. Наместо информација, читателите добија евтина политичка парола која изгледа невкусно.
Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО:Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја
Датум и време на објавување: 8.08.2016
Датум на рецензирање: 11.08.2016
Рецензент: Југослава Дуковска
НУЛА ОД ВЕСТ
Реченицата гласи:
„Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја“
По ниеден критериум ова не може да се третира како вистинска информација бидејќи освен што одговара на прашањето „кој“, нема ниедна друга релевантна содржина. На прашањето „што“, одговорот што се нуди е:
„им одржа лекција како се помага во настраданите подрачја“.
Но, таа општа флоскула не значи ништо иако од приложените снимки и фотографии може да се насети дека лидерот на СДСМ при посетата на поплавените и физички се ангажирал да помогне. Нe e даден ниту одговор на прашањето „каде“. Јасно е дека се работи за подрачјата што се поплавија на 6 август годинава, но каде точно бил Заев, читателите не знаат.
За разлика од ваквиот приод, другите медиуми за истиот настан известуваа далеку поцелосно и поисцрпно, па оттаму читателите, односно гледачите можеа да дознаат дека Заев со делегација ги посетил Ченто, Стајковци и Сингелиќ и што точно таму работеле („Со специјализирани возила се испумпува водата, волонтерите и екипите ги чистат насобраните нечистотии, се носи вода, храна и други неопходни хигиенски средства“).
Поради ова, од аспект на содржајност, ова писание кое претендира да биде некаква вест, е нула од вест. Затоа, пак, пристрасноста, односно необјективноста кај него се мери со астрономски цифри.
Ако идејата на написот била подбивање со власта и фаворизирање на постапките на опозициски личности, тоа е направено на мошне аматерски начин. Едно е сигурно, информацијата е ставена во втор план.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
селективно наведен автор (извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови