Погрешно лоцирање за манипулирање
Објавено во Рецензии
on 21 - 03 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Анџелина Џоли денес доаѓа во Македонија]
Написот претставува најава за настан, но има сосема погрешен наслов, бидејќи настанот се одвива во соседна Грција. Ваквиот наслов и категоријата во која е објавен текстот оставаат впечаток дека намерата била да се соберат што повеќе кликнувања, а не прецизно да се информира јавноста.
Линк до оригиналниот напис: Анџелина Џоли денес доаѓа во Македонија
Датум и време на објавување: 16.03. 2016
Датум на рецензирање: 21.03.2016
Рецензент: Димитар Тануров
ИЗОСТАВЕН ВАЖЕН ПОДАТОК
„Холивудската актерка Анџелина Џоли, денеска ќе го посети бегалскиот камп во Идомени.“
Текстот претставува лошо пренесена информација за настан што треба да се случи. Проблемот е во тоа што се наведува местото, односно кампот Идомени, но не се дообјаснува дека тој се наоѓа на грчката страна на македонско-грчката граница. Со испуштањето на овој податок, се остава простор да се манипулира со информацијата.
Насловот сосема погрешно ја лоцира информацијата, имајќи предвид дека познатата актерка во ниту еден момент немаше најавено дека ќе ја посети и Македонија, односно кампот „Винојуг“ кој се наоѓа на македонската страна на границата.
Исто така, информацијата подоцна не е поправена, ниту пак, во текстот за веќе одржаниот настан е ставена забелешка дека познатата актерка немала планови да ја посети Македнија.
Ваквото информирање се коси со Кодексот на новинари, кој предвидува дека новинарот е должен да објави корекција на погрешната информација, како и дека не смее да прикрива информации.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Член 1
Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. Член 3
Ваквиот начин на информирање создава впечаток дека се прави обид да се изманипулира јавноста за да се обезбеди поголема посетеност, што е спротивно на професионалните новинарски стандарди. Истовремено, објавувањето вакви информации може да создаде чувство на изиграност кај читателската публика, а тоа да се рефлектира на довербата кон медиумот и кон информациите што ги објавува.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
има во насловот
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови