Подрасната и тазе бојадисана коса не е смена на личен опис
Објавено во Рецензии
on 26 - 09 - 2019 Автор: Админ
[Рецензија: БОКИ 13 ГО СМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС: КАЈ РУСКОСКА ПРИСТИГНА СО НОВА ФРИЗУРА(ВИДЕО)]
Текстот што го рецензираме има наслов за кликови. Насловот не е објаснет во текстот, односно нема врска со тоа што е напишано во содржинскиот дел.
Линк до оригиналниот напис: БОКИ 13 ГО СМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС: КАЈ РУСКОСКА ПРИСТИГНА СО НОВА ФРИЗУРА(ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 23.09.2019
Датум на рецензирање: 26.09.2019
Рецензент: Ана Анастасовска
Кога за некој ќе кажете дека го сменил личниот опис, помислувате на драстична промена во изгледот и во ликот. Насловот на овој текст алудира токму на тоа, дека Бојан Јовановски го сменил личниот опис и отишол да даде исказ, со нова фризура.
Но, кога ќе ја погледнете фотографијата во текстот, иако слабо се гледа Боки 13, односно тој е сликан од далеку, и доколку истата ја споредите со фотографија од дента кога беше уапсен, ќе сфатите дека тој не направил никаква драстична промена кај себе додека е во притвор. Косата му е бојадисана во иста боја, само малку му е подрасната.
Од друга страна, пак, нова фризура, односно во случајов подрасната и тазе бојадисана коса, никако не е смена на личен опис.
Подолу во текстот кога ќе го отворите, ќе видите дека нема ништо објаснето, на кој начин Боки го сменил личниот опис, односно не е наведено, што толку сменил кај себе за да се добие впечатокот пренесен во насловот.
Јасно е дека насловот е само нафрлен колку да привлече кликови и не е објаснет, а сè со цел да се остави на читателите да го толкуваат своеволно. Што не е добро и воопшто не е новинарски професионално, бидејќи, кога нешто оставате да виси, може да предизвика различни толкувања.
На напишаниот текст, дефинитвно многу повеќе би му одговарал друг наслов, кој би бил информативен, а не манипулативен.