verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Подгревање на изјава заради политичка манипулација

on 6 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Start - Stara izjava na Putin

 

[Рецензија: Изјава на Владимир Путин за актуелната политичка ситуација во Македонија]

 

 

Објавувате куса изјава на Владимир Путин, најавувајќи дека тоа е став на претседателот на Руската Федерација за актуелната ситуација во Македонија. Всушност, пласирате стар настап на Путин што датира од минатата година. Чиста манипулација и спинување.

 

1111Линк до оригиналниот напис: Изјава на Владимир Путин за актуелната политичка ситуација во Македонија

 Датум и време на објавување: 04.09.2016  14:10

 Датум на рецензирање: 04.09.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗА АКТУЕЛНАТА СИТУАЦИЈА, АМА ЛАНИ!!!!

Вистинитоста овде е со застарен карактер. Да, Путин имал изјава за состојбата во Македонија, ама тоа било лани во мај. Оттука прашање е зошто со денешен датум се пласира бајат настап на рускиот претседател. Најверојатно поради политичка манипулација и спин, зашто во неговиот говор Путин изразува „поддршка за чекорите на македонското раководство за стабилизација на ситуацијата“.

Изјавата на шефот на руската држава е непосредно по минатогодишните кумановски настани. Оттука, ама баш ич не држи вода формулацијата дека ова е „Изјава на претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, во врска со актуелната политичка ситуација во Македонија“. Не, напротив тоа е изјава за друг настан и од друго време.

 

ВРЕМЕТО ВЕДНАШ СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА

Смешен е обидот за искривување на временската димензија зашто од видеоматеријалот, украден од домашна национална телевизија сосе преводот, јасно е дека станува збор за случка од минатото.

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите – Кодекс на новинари.

Спин е форма на пропаганда што се постигнува низ пристрасно интерпретирање на настани или, пак, убедување на јавното мислење за или против одредена јавна личност или организација. Спинот често користи неискрени, измамувачки и манипулативни тактики.

А што е пласирањето стар настан под нов наслов ако не измама!?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

веста е застарена

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

има вистина ама од лани

извртување на вистина (спин)

„бајати“ информации се прикажуваат како нови

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

стари мултимедијални елемнти

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови