Подгреана бајата медиумска чорба
Објавено во Рецензии
on 30 - 12 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?]
Текстот што го рецензираме може да биде пример за студија на случај, односно за еден феномен особено присутен во последните години во македонската новинарска практика – подгреани медиумски содржини, односно манџи.
Тоа се текстови што немаат никаква нова информација. Наместо тоа, имаат само намера да атакуваат некого со стари шпекулации и со недокажани инсинуации, рециклирани и ставени во „нова“ рамка колку да се подгреваат обвинувања, тензијата, нетрпеливоста насочени кон целта, најчесто некоја или повеќе личности.
Линк до оригиналниот напис: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?
Датум и време на објавување: 27.12.2015, 10:49
Датум на рецензирање: 30.12.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
ОБВИНИТЕЛ, СУДИЈА И ЏЕЛАТ
Оттаму, наместо автентична медиумска содржина која има некаква новост, кредибилни извори и сеопфатност, пред нас е „новинарски“ производ кој прекршил најмалку четири принципи на професионалното и етичко новинарство утвредни со Кодексот на новинарите.
Како прво и најсериозно прекршување е тоа што налага почитување на принципот на пресумпција на невиност која произлегува од членот 8:
Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.
Наместо да се почитува оваа препорака, текстот што го рецензираме му наложува на јавниот обвинител:
„да го гони уште пожестоко овој човек што се уште претставува сериозна закана“.
И со тоа ја презема улогата на обвинител, судија и на џелат.
Тоа го води овој текст во следното прекршување на професионалните принципи кои произлегуваат од членот 10:
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Напротив, овој текст обвинува и суди без тоа да биде докажано и говори со јазик на омраза.
Во занесот на сопствената пристрасност, оваа медиумска содржина ја прескокнала границата меѓу фактите и мислењата и го прекршиле и членот 13 од кодексот:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Сето претходно нè доведува до конечниот заклучок што произлегува од овие недоследности, дека тие се рожба на пристрасноста со која е напишан овој текст. А, членот 14 од Кодексот на новинарите по ова прашање е сосема јасен:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
има елементи на говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови