verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поддршка за Богоевски и притисок врз судот, не е исто!

on 7 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

infomax-1

 [Рецензија: СДСМ СО ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДОТ: Нивните платеници можат да демолираат каде сакаат, а да не одговараат]

 

Во текстот што е предмет на оваа анализа се извртуваат фактите за да се манипулира јавното мислење во пропагандни цели. Написот тврди дека опозициските активисти вршеле притисок врз судските институции кога нивни лица треба да одговараат пред органите за сторените дела, што е апсолутно неточно.

sdsm-so-pritisoci-vrz-sudot-nivnite-platenici-mozhat-da-demoliraat-kade-sakaat-a-da-ne-odgovaraat-infomax-mkЛинк до оригиналниот напис: СДСМ СО ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДОТ: Нивните платеници можат да демолираат каде сакаат, а да не одговараат

Датум и време на објавување: 05.10.2016

Датум на рецензирање: 06.10.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НЕИЗДРЖАНИ ОБВИНУВАЊА

„Опозициските активисти и симпатизери очигледно може да палат и ограбуваат, а не смее да одговараат пред законите. При насилните протести на СДСМ во месец април, хулиганите кои во организација на СДСМ и СОРОС протестираа низ Скопје направија вистински хаос. Тие насилно се однесуваа, кршеа се пред себе и дивееја низ улиците“.

Во текстот се изнесуваат неколку неиздржани обвинувања и констатации. Притоа, за ниедна од тие констатации на јавноста не ѝ се нуди доказ дека се точни, туку се остава „слепо“ да им се верува.

Протестот што завчера го организираше „Шарена револуција“ беше во знак на поддршка за активистот Павле Богоевски на почетокот на неговото судење, а не за притисок врз судските институции, како што тврди текстот.

И Богоевски, како што и самиот изјави, не се обидува да избегне одговорност, туку кажа дека не признава вина за стореното поведение.

„Да, бев дел од групата којашто Зврлевски дрско ја нарекува толпа и не, не признавам вина за моето сторено поведение. По дефиниција, вина е општествен прекор. Не може да ме прекорува општеството чијшто правен систем дозволува здружението на Груевски 10 години да ја силува правдата во оваа држава и да ја киднапира секоја пора во нашето општество. Ќе прифатиме одговорност за своите постапки, но само кога Груевски и другите инкриминирано во објавените разговори ќе прифатат одговорност во судницата до мојата, рече Богоевски по излегувањето од судницата“.

 

НИТУ ЕДНА ОД ТРИ ИЗЈАВИ

По завршувањето на рочиштето, пред судот дадоа изјава Богоевски, неговиот адвокат Сашо Дуковски и претседателката на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска. Во овој едностран напис нема ниту една од трите изјави дадени пред судот.

Освен тоа, во написот се тврди дека протестите биле насилни, што е целосно извртување на фактите затоа што насилство на протестите имаше само првите три дена, од повеќе од 80 дена константно протестирање.

Исто така, Богоевски воопшто не беше дел од групата што ја демолираше народната канцеларија на претседателот Иванов и не се товари за тоа дело, туку за боење на Министерството за култура.

Текстот манипулира и со констатациите дека „Шарената револуција“ е на СДСМ и дека протестите биле организирани од Сорос и од СДСМ. И за овие коментаторски констатации нема понудени докази.

Овој коментаторски и манипулирачки напис крши низа правила и принципи пропишани во Новинарскиот кодекс. меѓу кои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (1)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (13)

 

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. (16)

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови