По секоја цена да се стави партиски знак на СЈО
Објавено во Рецензии
on 3 - 02 - 2017 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО да ѝ дава инструкции (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)]
Текстот што го рецензираме не нуди никакви докази за тврдењето дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил кај обвинителката Ленче Ристоска од 22 часот до 1 часот по полноќ. Напишаното без аргументи наликува на измислена приказна, во која лидерот на СДСМ се претставува близок со Специјалното јавно обвинителство, со што истовремено се дискредитира и работата на СЈО. Наводната средба во доцните часови ја демантираа и обвинителката Ристоска и Заев.
Линк до оригиналниот напис: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО да ѝ дава инструкции (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 02.02.2017
Датум на рецензирање: 03.02.2017
Рецензент: Силвана Жежова
ИЗМИСЛЕНИ НАСТАНИ
Написот почнува со тврдење дека „аудито А8“ со кое се вози Заев, иако не постојат докази дека тој се вози само со тој автомобил или, пак, дека тој автомобил може да го вози и некој друг, наводно било забележано пред зградата во која живее обвинителката Ристовска. Обвинителката Ристоска, во демантот до медиумите, пишува дека таа не е адресата на живеење и дека информациите за наводна средба со Заев се невистинити. И во демантот испратен од СДСМ се вели дека „измислица е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристовска“. Заев, исто така, бара повлекување на веста, бидејќи во спротивно ќе поднесе тужба за клевета.
„Струмичкото Ауди А8 со кое се вози претседателот на СДСМ Зоран Заев токму вечерва е забележано пред зградата во која живее специјалната обвинителка Ленче Рисотоска на улицата „Алберт Ајнштајн“ во Скопје. Заев беше кај обвинителката од 22 часот до 1 часот по полноќ, нашата камера пред само околу половина час го забележа Заев како влегува во својот автомобил“.
БЕЗ ДОКАЗИ
Понатаму во текстот се даваат претпоставки за целта на наводната средба помеѓу Заев и Ристоска, сè со цел да му се даде партиски предзнак на СЈО. Работата на Специјалното јавно обвинителство се дискредитира и со тоа што се тврди дека обвинителите, наводно, работат по нарачки за обвинителни процеси, за што повторно нема докази.
„Зоран Заев веројатно на Ристоска ѝ дава инструкции за нови наредни монтирани случаи кои треба СЈО да ги објави во јавноста, а во кои јасна мета ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, во јавноста е познато дека специјалната обвинителка Катица Јанева е со членска книшка од СДСМ, а ова говори дека Заев и преку Ленче Ристоска нарачува нови судски случаи“.
Во демантот од обвинителката се вели дека „објавената информација е невистинита„ и таа „бара јавно извинување со оглед на фактот дека со објавувањето се нанесува штета на нејзиниот углед“.
Во демантот од партијата, се вели:
„Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристовска, како што се тврди во лажната вест на Курир“.
Написот не нуди докази за она што се тврди, а потврда се демантите од засегнатите страни, од кои во текстот воопшто нема никаква изјава. Исто така, не е познато потеклото, односно изворот на видеозаписот и се поставува прашањето дали можеби лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е следен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови