verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

По секоја цена да се оцрни опозицијата

on 10 - 12 - 2015       

recenzija-za-mediumi ѓорчев 11

[Рецензија: СДСМ сака тензии со цел да избега од изборите]

 

Оваа медиумска содржина се потпира на паушални иформации. Дополнително, целиот напис е коментаторски, без ниту една изјава, ниту, пак, поблиску доловен извор. Никој не вели дека изворот мора да биде со име и со презиме, ама во еден новинарски текст тој треба да биде лоциран, да се добие впечаток дека изворот навистина постои. Написот што е пред нас не остава таков впечаток.

recenzija za mediumiЛинк до оригиналниот напис: СДСМ сака тензии со цел да избега од изборите

Датум и време на објавување: 04.12.2015, 18:19

Датум на рецензирање: 09.12.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

„СДСМ не сака развој, туку сака економијата повторно да се закочи, да се стопира отворањето на работни места, отворање на фабрики, покачување пензии, плати и субвенции. СДСМ повторно сака тензии со цел да избега соочување со волјата на народот, пишува Курир.“

Уште со првиот пасус се забележува дека на текстот не му се битни фактите, туку тој е фокусиран да ја оцрни опозицијата.  И притоа, не се дава одговор на прашањата зошто опозицијата би сакала да нема работни места или да нема пензии и како се дошло до ваков заклучок?

„Преку поставување на нереални и штетни предлози и позиции во однос на медиумите, за кои СДСМ однапред знае дека ќе бидат одбиени, партијата спрема подлога да го напушти процесот и одбегне избори пред се’ поради тоа што им е познато расположението на граѓаните и стравот од пораз кој е извесен. Ова особено доаѓа до израз ако се знае дека СДСМ убедливо губи и има очајна поддршка од граѓаните, потврдено и со сите последни мерења на расположението на граѓаните и анкети.“

Овој пасус, како и другите, е коментаторски. Освен тоа, никаде нема назнака дека тоа е коментар, колумна или став на редакцијата. Напротив, написот е ставен во рубриката „Македонија“.

Изворите во текстот се од анонимни кругови, според кои, СДСМ сака да ги избегне изборите. Оваа теза, пак, провладините медиуми ја туркаат со недели, ако не и со месеци. И, секогаш стои на стаклени нозе, без извори, без факти, само на чисти шпекулации.

Можеби сето ова што го тврди текстот е вистина, но написот мора да понуди факти за да ги поткрепи информациите и да ја увери публиката во тоа што го соопштува.

Исто така, написот ја игнорира втората страна, иако многу едноставно можело да се добие став од засегнатите – СДСМ. Едно од „најсветите“ правила во новинарството е да се чуе и втората страна. Тоа ќе покажело дека текстот сакал да биде посодржаен и објективен, но, за жал, не е сторено. Па, гледано во целина, на читателите им е понуден материјал во кој потфрлиле стандардите на етички исправното новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови