verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

По Јанева, и Зврлевски меѓу „своите“!

on 3 - 10 - 2016       

centarnews

[Рецензија: ЗВРЛЕВСКИ МЕЃУ СВОИТЕ, НА КАФЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ДПМНЕ]

 

Објавата е класичен коментар, не се темели на факти туку на субјективни ставови, при што креира манипулативна слика во јавноста. Текстот е  правен по урнек на една друга објава која веќе има негативна оценка од „Сервис за проверка на факти од медиумите“.

zvrlevski-megju-svoite-na-kafe-so-pratenicite-od-dpmneЛинк до оригиналниот напис: ЗВРЛЕВСКИ МЕЃУ СВОИТЕ, НА КАФЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 26.09.2016

Датум на рецензирање: 30.09. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ПОЛИТИЧКА ВРАТКА

Насловната конструкција на овој напис е речиси идентична со насловот на текстот во кој се оцрнува работата и професионалноста на специјалната обвинителка Катица Јанева. Само, во материјалот што го рецензираме, наместо Јанева, „главна улога“ има Зврлевски. Затоа, всушност, ова е вратка за текстот против Јанева објавен три дена претходно.

Ако се напрви споредба на двата текста, се забележува дека имаат идентична конструкција. Во нив  е употребена иста формулација на речениците, со тоа што се сменети актерите – партиите и личностите. Така, во едниот се споменуваат пратениците од СДСМ и Јанева, а во другиот – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Зврлевски.

 

„Оригинал: „„Катица Јанева не е специјален јавен обвинител, туку едноставно послушник на СДСМ ставен на измислена функција ’да дели правда’“

 

Копија : „Марко Зврлевски не е јавен обвинител, туку едноставно послушник на ДПМНЕ ставен на функција ’да дели правда’“

 

Во написот се коментираат и се „филуваат“ информации, за евтини дневно-политички цели. Па, копирајќи го стилот на оригиналниот напис, и овој текст презентира две нејасни фотографии, кои освен што прикажуваат дека Зврлевски седел на кафе со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на паузата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, не прикажува ништо друго. Седењето со некого на кафе или, пак, разговарањето со некого, во конкретниот случај со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не значи и дека си „нивен“. За такви обвинувања потребни се цврсти аргументи, а не само една фотографија.

Иако според категоријата во која е објавен би требало да биде вест, овој текст (исто како и оригиналот кој претходно е рецензиран) претставува класичен коментар, што е спротивно на принципите утврдени во Кодексот на новинарите:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (Член 13)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови