Плукање по неподобните за власта
Објавено во Рецензии
on 3 - 10 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?]
Крајно шпекулативно четиво. Производ што треба да одговори на нечиите потреби да докаже и да покаже заговорничка шема во Македонија со СЈО во нејзиниот центар. Материјал што безочно ја злоупотребува својата позиција и наместо да информира, манпипулира и стигматизира одредена група луѓе, чиј заеднички содржател е дека власта многу „не ги мириса“.
Линк до оригиналниот напис: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?
Датум и време на објавување: 25.09.2016 17:34
Датум на рецензирање: 30.09.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ПРАШАЊА НАМЕСТО ОДГОВОРИ
Ова е напис на „климави“ темели. Стои на „стаклени нозе“. Вистинитоста е крајно компромитирана зашто на главните пласирани тези, наместо одговори, се нудат прашања. Неразбирливо! Ако веќе се нудат ексклузивни фотографии од т.н. поддржувачи на „Шарената револуција“ како собрани во Берово, наводно, коваат стратегија за некаква жешка есен, зошто тогаш докрај не е разработена приказната, зошто целосно не е истерана работата. Каде се дополнителни информации за типот на настанот на кој биле, каде се инсајдерски податоци (ако ги имало воопшто), каде се извори, па макар и анонимни, конечно каде се самите споменати лица со изјава, демант, да кажат, да образложат зошто се во Берово. Ништо од тоа! Сè се сведува на неколку фотографии и толку.
Терминот „шпекулација“ во речникот на „Кембриџ“ е опишан како „активност за нагаѓање можни одговори на прашања без притоа со сигурност да се имаат доволно информации“.
„Дали оваа викенд средба е поврзана со веќе закажаните протести во понеделник или советување и консултирање кои насоки да им се дадат на Катица Јанеца и СЈО?
Дали СОРОС своите перјаници ги шета по луксузни хотели и спа центри каде што полн пансион чини повеќе од 100 евра…“
Дали е ова шпекулација? Ќе бидеме покоректни од рецензираниот текст кој само прашува и ќе дадеме одговор: „Да!“
А еве, пак, што вели Кодексот на новинарите за пристапот темелен на шпекулации:
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
МЕТОД НА СУПСТИТУЦИЈА
Се забележува своевиден квазиметод на супституција – недостигот од факти се надоместува со засилено присуство на коментари, кои не носат ништо позитивно, напротив само го „бетонираат“ впечатокот за напис координиран од локација која најверојатно не е редакција:
„Дали СОРОС своите перјаници ги шета по луксузни хотели и спа центри каде што полн пансион чини повеќе од 100 евраЗа „порелаксирано“ да се координираат како да продолжат со дестабилизација на државата и можеби ново одложување на изборите, затоа што главната пропагандна тупаница (СЈО) на СДСМ олицетворена во ликот на специјалната Катица Јанева деновиве доживува дебакл пред „нелегитимните“ пратеници на македонското Собрание? Или ова е само еден од начините за „легитимно“ исплаќање на хонорари, под име на одржани обуки, за уличарењето кое претстои?“
Сè на сè: спин, нарачка во заговорничка форма за медиумска егзекуција на неколкумина избрани според критериумот неподобни за власта.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови