verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Односи со јавноста наместо новинарство

on 2 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #209 - 'Top lajm_ Ostreni mosmirënjohës, nga 2008 merr çdo muaj nga 2 mijë euro prej Telekomit_!' - www_zhurnal_mk_content__id

 

Напис: Топ вест: Острени неблагодарен, од 2008 година секој месец зема од „Телеком“ по 2 илјади евра?!

Скопје 19 мај –  Поранешниот генерал на ОНА од 2001 година во Македонија, Гзим Острени, од крајот на војната до ден денес, повеќе од 15 години продолжува да ужива различни привилегии од власта, известува „Журнал“.

Од 2002 година, кога ДУИ победи на изборите и стана дел од извршната власт, генералот Острени ја вршел функцијата пратеник, потпретседател на Собранието, како и член на управниот одбор на „Телеком“, позиција која продолжува да ја врши и ден денес.

Иако неговите месечни паушали од позицијата член на управниот одбор на „Телеком“ достигнуваат до 2.000 евра, албанскиот генерал, сега во пензија (74-годишен), излезе незадоволен од политиките што ги водеше ДУИ на Али Ахмети и одлучи да основа политичка партија со името Унитети, вртејќи му грб на неговиот поранешен соработник кој го постави на такви позиции за да има привилегии.

Бидејќи оваа позиција тој ја добил ексклузивно од неговиот соработник од војната, се поставува прашањето зошто сега Али Ахмети за него е непожелна личност? Од друга страна, Острени продолжува да молчи и да ја држи позицијата во управниот одбор, како и 2.000 евра паушал, кои никогаш не ги спомнал никаде и ниту има намера да ги спомне, иако често излегува со изјави по медиумите.

Во новата партија основана од генералот, остана само со поранешниот командант и пратеник, Зулфи Адили – Ќуфа од скопско Студеничани. Иако во медиумите често кружеа гласини дека на неговата партија ќе ѝ се приклучат и други имиња од главната структура на ДУИ, Острени остана осамен генерал, бидејќи не му се придружи ни Хазби Лика, а ниту Фатмир Дехари.

Со неговото повторно враќање во политиката, особено на 74-години, неодамна предизвика многу реакции од многу разни личности, кои ова враќање го нарекоа неуспешно, велејќи дека неговото време поминало. Дури имаше и гласини дека неговото заминување од ДУИ беше затоа што сакаше неговиот син да го именува на чело на разгранокот на ДУИ во Дебар, додека син му бил директор на поштата во Дебар, како кадар на ДУИ, пренесува „Журнал“.

А, во врска со 2.000 евра, дали во некоја од идните емисии или изјави во кои осамениот генерал ќе „продава“ политика, ќе каже зошто не дава оставка од оваа позиција што му ја подари партијата која тој не ја сакаше и од која си замина.

Се прашува јавно генерал Гзим Острени, кога ќе даде оставка од оваа позиција?
На следниот линк, на страна бр. 17, може да се прочита името на г. Острени:
https://www.telekom.mk/download/
Investor_Relations/2010/godisenMK_2010.pdf

 

[Рецензија: „Топ вест: Острени неблагодарен, од 2008 година секој месец зема од „Телеком“ по 2 илјади евра?!“]

На секој курс по новинарство, студентите, меѓу другото, учат и еден многу важен факт, а тој е правењето разлика меѓу новинарството и односите со јавноста. Овие две области се строго поделени. На новинарот му е строго забрането да биде дел од канцеларијата за односи со јавноста на која било друга организација или компанија. Новинарот, во исто време, може да работи и како наставник, може да има приватен бизнис, може да работи како келнер, може да има канцеларија за преводи и др. и, се разбира, не смее да ја користи својата професија како новинар за да ги промовира овие аспекти. Но, никогаш и во ниеден момент не смее да врши втора работа која е поврзана со односи со авноста. Конкретната вест е во рамките на стратегијата за односи со јавноста на една политичка партија, преку кој се напаѓа нејзиниот политички противник.

[Recension: “Top lajm: Ostreni mosmirënjohës, nga 2008 merr çdo muaj nga 2 mijë euro prej Telekomit?!”]Линк до оригиналниот напис: „Топ вест: Острени неблагодарен, од 2008-ма година секој месец зема од Телеком по 2 илјади евра?!“

Датум и време на објавување: 19.05.2016

Датум на рецензирање: 24.05.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Навистина не е во ред новинарите да се занимаваат со вакви анализи, барем во информативните жанрови. Доколку овој напис беше мислење или коментар, тогаш тоа е сосема друга работа. Само поради фактот дека Гзим Острени се повлекол од ДУИ, да се прави целата ова збрка од информација? Сето ова е непотребно. Доколку тој има привилегии од државата, тогаш може да се анализира делот на легалност на тие приходи што тој или кој било друг ги прима, како и квалитетот на работата што ја врши како платен од граѓаните. Но, тука ни излегува нешто сосема различно. Острени во овој случај се обвинува, бидејќи, како што изгледа, авторот на текстот е лут поради нешто друго – неговото повлекување од ДУИ. Овој напис како да сака да ѝ даде до знаење на јавноста дека не треба да му се верува на еден човек кому ДУИ и нивниот лидер му ги дале сите добра, а тој им свртил грб, но не и на привилегиите. И сето ова се кажува отворено.

„Иако неговите месечни паушали од позицијата член на управниот одбор на „Телеком“ достигнуваат до 2.000 евра, албанскиот генерал, сега во пензија (74-годишен), излезе незадоволен од политиките што ги водеше ДУИ на Али Ахмети и одлучи да основа политичка партија со името Унитети, вртејќи му грб на својот поранешен соработник кој го постави на такви позиции за да има привилегии.“

Сега, дали Острени се критикува за неговите паушали или затоа што се повлече од партијата и основа своја партија? Јасно е како ден дека во овој текст доминира второто. Ова „го боли“ авторот. Ако позицијата на Острени во компанијата „Телеком“ беше проблематична, тогаш немаше причина да се каже во текстот дека оваа позиција му ја подарил самиот негов поранешен соборец Али Ахмети.

Потоа, текстот продолжува да ја „просветлува“ јавноста, објаснувајќи колку осамен е генералот со неговата партија и дека никој не го следел него. Значи, целиот напис е посветен на тоа само и само да се дискредитира фигурата на една личност, во овој случај еден политичар. Ова не треба да се случи во никој случај, за ниедна личност. Авторот многу лесно можел да го претвори овој текст во една добра и професионална вест, само со избегнување на личните оценувања, но и со еден телефонски разговор со Острени за да го праша него за сите сомнежи што можеби ги има за него. Освен тоа, во содржината може да се вклучат и проценки од експерти од оваа област во врска со улогата на Острени во тој одбор. Последното прашање што фигурира во текстот и кое е напишано со црвено и со букви кои отскокнуваат по големина од текстот, подобро би било да му се постави на самиот Гзим Острени директно и, зошто да не, и на јавноста.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални, неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови