verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Петпаречка сензационалистичка објава

on 3 - 08 - 2016       

telegraf

[Рецензија: ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Ќе удри силен земјотрес, Сонцето ќе постане црно, денес е крај на светот! (ВИДЕО)]

 

Апокалипсата дојде!!! Кога? Пред два дена. И? Ништо, си тераме вообичаено.

1111Линк до оригиналниот напис: ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Ќе удри силен земјотрес, Сонцето ќе постане црно, денес е крај на светот! (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 29.7.2016, 19:30

Датум на рецензирање: 31.07.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ИНФОРМАТИВНА ПРАЗНОТИЈА 

Што да се каже за текст што најавуваше крај на светот, ама пред два дена?! Нормално, планетава сè уште е на место, сè уште се врти, планините не се поместија, океаните не се излеаја, човекот сè уште владее со Земјата. Ништо од апокалипсата.

Апсолутно непотребен напис, можеби интересен за „продлабочен“муабет на маса со неколку чашки отповеќе, ама во никој случај недостоен за место во медиумско издание, независно во каква форма ќе се пласира, па макар и во рубриката за забава и за занимливости. Ова е уште еден материјал во стихијата производи инспирирани од библиските текстови во кои се предвидуваат катаклизми и крај на човештвото. Таквите најави не се први, ниту последни, различно е само лицитирањето со датуми кога апокалипсата ќе нè стигне.

Искрено, текстчето е смешно. Како некаква си промотивна најава за хорор-филм:

„Сите медиуми денеска ја пренесуваат веста дека денес на полноќ ќе се случи долго најавуваната апокалипса. Лажни тревоги за крај на светот имаше неколку, но овој пат ова е реалност. Ќе се случи!

Овде имате видео кое ја опишува сосотојбата која ќе не снајде до полноќ. Доколку не ви е страв да се соочите, погледнете“…

А, ако не ни е страв и погледнеме, а наведеното не се случи? Толку од вистинитоста. Голема нула.

А видеозаписот е приказна за себе – евтина компјутерска симулација преземена од јутјуб-канал насловен „Претскажувања за крајот“. Воопшто не помага како дополнителен материјал за подигнување на веродостојноста на текстот, туку го дополнува впечатокот на петпарачки сензационалистички напис.

Вистинитост, видовме дека нема. Извори на информација се некои канали кои прераскажуваат библиски претскажувања. Плиток текст наменет за пополнување простор низ порталите кои кубурат со материјали поради летните одмори.

Затоа, да нарачаме една апокалипса (!), ама дупла, и да уживаме во оваа информативна празнотија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

лажни информации

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови