Петпарeчка објава без трошка вест
Објавено во Рецензии
on 21 - 10 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Невестиве по грешка место на Митинг во Борис Трајковски завршиле во Зоолошка?]
Тривијалност, без трошка информација значајна за јавноста… Се пласира текст од само една реченица, како некаква си значајна новина. Всушност, според професионалните стандарди, станува збор за ангажман на две госпоѓи по партиски митинг на владејачката партија, кој за публиката е целосно небитен.
Линк до оригиналниот напис: Невестиве по грешка место на Митинг во Борис Трајковски завршиле во Зоолошка?
Датум и време на објавување: 16.10.2016
Датум на рецензирање: 20.10.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„ГОЛА ВОДА“
Навистина, ептен „битна“ вест, нема што?! Какво е значењето на тоа како две партиски активистки од внатрешноста на земјата го поминале денот во Скопје, каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ одржуваше митинг? Одговорот е никакво. Ниту некој ќе се „потресе“ ако го прочита текстот, ниту некој ќе остане неинформиран ако не го видел зашто во него едноставно нема информација. Дошле госпоѓите, дали своеволно или по наредба, во главниот град, си биле на собирот и, онака патем, кога се веќе таму, ја посетиле и зоолошката градина. Сето тоа најверојатно си го објавиле на социјалните мрежи, конкретниот портал ги презел фотографиите и, џанам, ете вест. Не, тука нема вест.
„Невестиве направиле селфи по наредба на партијата да, ама место во СЦ Борис Трајковски си отишле во Зоолошка, па исто и таму и ваму животни држат говор…“
Каде е изворот за партиска наредба за „правење селфи“? Очигледно е нагаѓање или едноставно шпекулирање.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.
За критика е и несоодветниот говор употребен во таа една реченица: „па исто и таму и ваму животни држат говор“.
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката – член 15 од Кодексот.
Значи, нема вистинска, веродостојна информација вредна за читателско внимание, има несоодветен говор, без суштина, без содржина. Едноставно, гола вода!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови