Партиско соопштение пласирано како новинарски текст
Објавено во Рецензии
on 16 - 02 - 2017 Автор: Александар Пешев[Рецензија: Психолози, педагози и дефектолози ќе вработи новата Влада, времето на Ристовски заврши!]
Текстот е копија од партиско соопштение. Не е спорно да се пренесуваат информации од политички партии, но доколку не се направи соодветна атрибуција, со написот медиумот ги присвојува партиските ставови.
Линк до оригиналниот напис: Психолози, педагози и дефектолози ќе вработи новата Влада, времето на Ристовски заврши!
Датум и време на објавување: 13.02.2017
Датум на рецензирање: 15.02.2017
Рецензент: Александар Пешев
ПОЛИТИЧКА ОБОЕНОСТ
Пренесувањето партиски ставови во новинарски текст подразбира задолжително посочување на фактот дека тие мислења се на политичка партија, а не на самиот медиум. Во случајов, имаме едноставно копирање на партиско соопштение, а притоа во ниту еден дел од текстот не е посочено дека станува збор за ставови на СДСМ, со што изнесените тврдења се претвораат во коментари на самиот медиум.
Со непосочување на изворот, насловот на написот е тенденциозен. Политичката пристрасност што се најавува е евидентна низ целиот текст. Додека за партија е соодветно да навива за сопствената програма, непосочувањето дека се пренесува партиски став го прави новинарскиот напис политички пристрасен:
„Граѓаните повеќе не веруваат на Спиро Ристовски и на криминалната власт во заминување, бидејки ако тие сакаа имаа 10 години досега да се посветат на здравиот раст и развој на децата, наместо да мислат на парите во своите џебови. Мнозинството граѓани затоа и гласаа за промени“.
Доволно е само да се посочи: „пишува СДСМ во партиското соопштение“, за објавата да биде коректна. Дополнително, новинарот е должен да ги истражи спорните прашања што би се јавиле околу одредена активност, наместо да се потпира само на „прозивањето“ од конкурентна партија (СДСМ):
„Да беше искрен Ристовски ќе посочеше и каде се предвидени пари за овие вработувања, но тој соопштува лажни вести, како што е навикната да лаже партијата од којашто доаѓа“.
Зошто не е прашан Ристовски „од каде пари за нови вработувања“, наместо слепо да се копираат партиски ставови за проблематизирање на најавените активности? Дополнително, во интерес на избалансираноста, кога се пренесуваат партиски ставови, редакцијата е должна да одвои простор и за реакциите. Во согласност со професионалните стандарди, доколку во дадениот момент е можно, соопштенијата на една партија и реакциите на конкурентната партија би требало да се комбинираат во еден текст, со соодветна атрибуција, поточно јасно разграничување на тоа кој што тврди, кого прозива и за што.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови