verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Парада на непрофесионалност

on 13 - 10 - 2016       

fireshot-capture-71-skapata-parada-na-zaev_-da-ne-bea-strumica-i-kum_-http___republika-mk_665971

 

[Рецензија: Скапата парада на Заев: Да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови]

Рецензираме текст под тенденциозен наслов со интегрирани коментари. Видлива е политичката пристрасност и не се нотираат извори на информации ниту, пак, е користена методологија за направените проценки.

Датум и време на објавување: 12.10.2016 , 12:43

Датум на рецензирање: 12.10.2016

Рецензент: Александар Пешев

Тенденциозноста се забележува уште од насловот. Се тврди дека „да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови“. Ваквата констатација создава обврска за наведување точни проценки во текстот и потребен е одговор на прашањето како е утврдено колку од присутните биле од други градови и колкав е бројот на учесници на маршот од Скопје? Наместо тоа, написот се отвора со коментари:
„Вчерашната парада низ главниот град која се одржа под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, беше само уште едно скапо фијаско на СДСМ и Сорос. Платениците на СДСМ и на Сорос дојдоа во срамен број, измаршираа од седиштето на СЈО по „Партизанска“ до Собранието на РМ и си заминаа на празничен ручек“. 
Коментарите не даваат одговор на клучните прашања: Кој утврдил дека станува збор за „платеници“ на СДСМ и на Сорос? И кој ја направи проценката на трошоците, по што е утврдено дека станува збор за „скапо фијаско“? Не се нотирани какви било извори на ваквите информации и нема извор за ставовите и за изјавите.
Текстот не вклучува став на организаторите околу ваквите наоди, што ја прави објавата несеопфатна, а дополнителните коментари јасно укажуваат на обид за политичка дискредитација и го засилуваат сомнежот за политичка пристрасност:
„Ниту автобусите од Струмица и Куманово не успеаја да го сокријат срамот од дебаклот на СДСМ, кој уште еднаш не успеа да собере достоен број граѓани кои ќе ги поддржат срамните политики за федерализација на државата“. 
Единствени факти поддржани со аргумент, се дека камерите регистрирале автобуси и дека вработени во ПОЦ лепат плакат на влез од зграда. Тврдењето во контекст на подршка на политики за федерализација останува да виси: Со што е потврдено дека собирот бил за промоција на вакви наводни политики? Ваквите искази се ризични за употреба бидејќи на текстот му даваат негативен набој во насока на потенцијално предизвикување меѓуетничка нетрпеливост. Во случајов, ваквата констатација е виден обид за спин, со кој се засилува дискредитацијата на политички субјект.
Спинот се дополнува и со толкување на мултимедијалните елементи со тоа што се создава сомнеж дека фотографиите се употребуваат за манипулација на фактите. Фотографија од паркирани автобуси е објаснета со следниов коментар:
„A, приложените снимки, ќе се сложите, сведочат дека Струмица и Куманово биле мобилизирани“.
Приложените снимки покажуваат редица автобуси, дел превозници од Куманово и од Струмица, но не се презентирани информации околу точната дестинација на сообраќање. Нема ни изјави од возачите или патниците околу целта на превозот ниту, пак, кадри од луѓето кои од автобусите наводно оделе на собирот.
Во текстот се резимира со проценки на бројот на насобрани од други градови и со тврдења дека СДСМ ангажирал административци. За двете тврдења нема извори на информации (со исклучок на фотографијата под двајца вработени во ПОЦ како лепат плакат), и некаква методологија врз основа на која би се објаснило како се правени проценките.
Сè на сè, станува збор за несеопфатна објава која прави проценки што можат да се изведат само со евидентирање на сите присутни на собирот. Коментарите се интегрирани во написот, нема став од прозваните и евидентирани се коментари кои ризично „играат“ на картата на меѓуетничките односи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови