verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Отворен е натпреварот „Слободата на изразување во мини-видео 2016“

on 30 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Метаморфозис

 

Снимете мини-видео со вашиот мобилен телефон и бидете дел од Францускиот филмски фестивал!

Бидете креативни, изразете се слободно низ видеоматеријал и освојте престој во Франција!

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ЗА УПИС НА НАТПРЕВАРОТ

Втора година по ред, Францускиот институт во Скопје и НВО „Метаморфозис го организираат натпреварот „Слободата на изразување во мини-видео“.

Конкурсот е наменет за млади од 18 до 28 години. Секој учесник треба да сними видеозапис со мобилен телефон, на тема „Слобода на изразување“, согласно сопственото толкување на темата и со почит кон другиот (прочитајте го Правилникот – на француски јазик).

Најдобрите видеозаписи (од 30 сек. до 3 мин.) ќе бидат прикажани и наградени во рамките на Фестивалот на француски филм во Македонија, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.

Првонаградениот на натпреварот ќе биде гостин на фестивалот Off-Courts во Трувил, во Нормандија. Тој ќе добие, исто така, подготвителни часови по француски јазик пред неговото заминување во Франција.

Формуларот за учество на натпреварот, со видеозаписот во AVI или MP4 формат, треба да ги испратите на следната адреса: culture@ifs.mk во периодот од 30 мај до 6 јуни 2016 година.

Филмовите ќе бидат прикажани пред публиката во присуство на жири во рамките на отворена проекција на сите видеозаписи на 17 јуни 2016 година, во 11 часот, во Францускиот институт во Скопје.

Публиката ќе може да гласа во зависност од следните критериуми: оригиналност, квалитет и автентичност на тематскиот пристап на авторот кон темата на натпреварот.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 17 јуни 2016 год., во 18.30 часот, во киното „Култура“ (ул. Луј Пастер, бб).

Изборот на најдобрите три видеозаписи ќе биде направен од независна жири-комисија.

*  *  *

Граѓански и тематски пристап
Слободата на изразување е апсолутен принцип во Франција и во Европа, содржан во неколку основни текстови.

Извор: Метаморфозис