Отскочна штица или нечиј мегафон
Објавено во Рецензии
on 4 - 03 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Димитар Стевананџија: Ти си единствениот владика на кого лајковите му се поважни, па и од верата и од работата]
Методологијата за рецензирање на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, меѓу другото, има утврдено правило дека нема да рецензира колумни. Колумните, мислењата, се лични ставови, и, во согласност со општо прифатените правила во новинарството, тие секогаш се посебно обележани и се објавуваат во рубрики или на места каде што на публиката недвосмислено ѝ е предочено дека се работи за содржина што пренесува такви, лични ставови.
Оваа рецензија обработува медиумска содржина која по својата форма е лично мислење, но тоа лично мислење не е означено како лично. Не е ставено во рубрика „Мислења“, туку во рубрика „Македонија“, која е исполнета со вести, извештаи и со други информации спакувани во новинарски формати.
Според стандардите, не е проблем новинарски да се обработи некое лично мислење во класична новинарска форма, но за тоа е потребно да се даде причината, односно заднината, „бекграундот“, како и да се истакне важноста дека таа реакција барем од малку поширок јавен интерес.
Линк до оригиналниот напис: Димитар Стевананџија: Ти си единствениот владика на кого лајковите му се поважни, па и од верата и од работата
Датум и време на објавување: 01.02.2016, 11:54
Датум на рецензирање: 03.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
И НА ПРАТЕНИКОТ МУ СЕ ВАЖНИ „ЛАЈКОВИТЕ“
Наместо тоа, со пренесувањето на вметнати (ембедирани) содржини од социјалните мрежи, без новинарска или уредничка рамка, текстот станува платформа преку која се пренесува недоличен говор, па дури и говор на омраза, како во овој случај. Новинарската интервенција на мислењата е неопходна зашто ако човек не е малку упатен, не е јасно до кого е постот.
Освен тоа, ако не биле важни „лајковите“ и коментарите, зошто авторот на ова фејсбук-мислење не му напишал писмо на хартија и не ѝ го испрати лично на личноста на која ѝ се обраќа? Уште повеќе, за оние што ја следеа полемиката и реакциите што ги предизвика владиката Пимен, во ова мислење ништо од она што го напиша Пимен не е побиено. Читаме само гола реторика и напад за кој не се знае со што е заслужен.
Уште нешто е многу важно: авторот на ова мислење е пратеник. Треба да се знае дека пратеникот е цело време пратеник, бидејќи Собранието е во постојано заседание. На еден пратеник воопшто не му доликува еден таков говор и јазик, а на еден сериозен напис, пак, не му доликува да биде отскочна штица или нечиј мегафон за напади врз личности.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
верска дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови