Офсајд-наслов кој поттикнува омраза
Објавено во Рецензии
on 15 - 09 - 2016 Автор: Xhenis Sulimani
Напис – Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие Aлбанците
Во куќата на И. А. (54) од село Режановце во Куманово е пронајдено големо количество оружје и муниција.
Полицијата во Куманово извршила контрола во куќата и во помошните простории на една куќа во Режановце во Куманово, каде што пронашла: една воздушна пушка, 69 куршуми од разни калибри, седум партони за ловечки пушки, три неиспукани патрони, едно долго оружје, и др. Дел од оружјето лицето го поседувало без дозвола, додека пак другиот дел со дозвола, пренесува TetovaSot.
Оружјето и муницијата се конфискувани, а И. А. е задржан во притвор во СВР Куманово.
Оружјето ќе биде предадено за експертиза, за оружјето за кое има дозвола ќе се примени административна процедура за трајна конфискација на оружјето.
По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење сомнеж за поседување оружје без дозвола./TetovaSot/
Рецензија -„Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие албанците“
Бидејќи начелно главна цел му е јавниот интерес, новинарот треба да ги идентификува случаите кога има поттикнување на омраза или, пак, поттикнување на насилство и истите да ги осуди. Затоа, во ниту еден момент тој не треба да биде промотор на овие општествени девијации или, пак, да се обиде да поттикне омраза преку своите новинарски продукти.
Линк до оригиналниот напис: Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие Албанците
Датум и време на објавување: 08.09.2016
Датум на рецензирање: 09.09.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Новинарскиот продукт што го рецензираме има наслов, спортски кажано, тотално офсајд, во однос на содржината.
Најголемата трагедија е што насловот поттикнува омраза, а можеби и насилство: „Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие Албанците“, е насловот на написот. Во текстот се известува за конфискувањето на големо количество оружје во селото Режановце во Куманово, и ништо повеќе од тоа.
„Во куќата на И. А. (54) од село Режановце во Куманово е пронајдено големо количество оружје и муниција.
Полицијата во Куманово извршила контрола во куќата и во помошните простории на една куќа во Режановце во Куманово каде што пронашла: една воздушна пушка, 69 куршуми од разни калибри, седум партони за ловечки пушки, три неиспукани патрони, едно долго оружје, и др. Дел од оружјето лицето го поседувало без дозвола, додека пак другиот дел со дозвола, пренесува TetovaSot.“
Во содржината која, главно е соопштение на СВР Куманово, никаде не се спомнува причината за поседувањето на тоа оружје. Тоа значи дека тенденциозниот наслов кој има цел постигнување на сензација и поголем број на кликнувања, нема никаква врска со содржината на текстот.
Слободата на говорот е од јавен интерес, но оваа привилегија новинарот не треба да ја употреби за да алармира лажно. Непотребното чувство на несигурност во општеството не е од јавен интерес.
Новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа, вели член 10 од Кодексот за етика на новинарите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови