verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од ваков текст – само штета

on 16 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

pesticidi

[Рецензија: Од зелените пазари се враќаме со кеси полни отрови – список на 12 најотровни намирници]

 

Наловот на текстот што е предмет на рецензија ја дезинформира јавноста и шири паника меѓу граѓаните за квалитетот на овошјето и на зеленчукот што се продаваат на пазарите. Во него се вели дека на зелените пазари производите, наводно, се полни со отрови. Иако не е исклучена таквата можност, сепак текстот не нуди никакви докази во таа насока. Нема никаква изјава или став од страна на надлежна институција за контрола на квалитетот на храната, во случајот Инспекторат за земјоделство и Агенција за храна и ветеринарство, со што ќе се потврди или ќе се демантира ова тврдење. Притоа, нема наведено од каде се добиени податоците и кој ги направил овие анализи. Текстот наликува на преведен или преземен од друг медиум, без да се наведе дека можеби се однесува на друга земја.

pesticidiЛинк до оригиналниот наслов: Од зелените пазари се враќаме со кеси полни отрови – список на 12 најотровни намирници

Датум и време на објавување: 12.08.2016

Датум на рецензија: 15.05.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПРОЦЕНКА ОД „ГОЛО ОКО“

Текстот почнува со наводен совет граѓаните да обрнат поголемо внимание кога купуваат овошје и зеленчук, но не дава одговор како точно да го сторат тоа. Граѓаните не можат да ја проценат со „голо око“ опасноста на која се предупредува:  

„Кога купувате овошје и зеленчук, обрнете поголемо внимание затоа што истите може да содржат огромна количина отрови кои подоцна ќе се најдат во вашиот организам“.

За такво нешто постојат специјални лаборатории.

Понатаму во материјалот е изнесена т.н црна листа на 12 најотровни производи, но повторно недостига изворот на овие информации. Не се дава одговор ниту за каков тип на пестициди и на хемикалии се работи и која институција го докажала нивното присуство.

„Ова е „црната листа“ на 12 најотровни намирници кои мора темелно да ги миете.Јаболка – 99% од нив се позитивни на пестициди. Плус, содржат и 56 различни хемикалии.Праски – Дури 85,6% од праските содржат повеќе пестициди измешани со 57 видови хемикалии“.

Без посочување на релевантни извори, на официјални документи кои ќе ги поткрепат информациите за наводната отровност на производите на зелените пазари, текстот останува во сферата на шпекулациите и ја дезинформира јавноста. Притоа, освен што предизвикува паника кај неселението, текстот може да предизвика и финансиска штета за продавачите на овошје и на зеленчук по зелените пазари.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови