verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од Скопје „со љубов за Русија“!

on 11 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Англиски

ddd 11

[Рецензија: ДОДЕКА НИЕ СЕ ЛИГАВИМЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Србија станува најмоќна воена сила со најсофистицирано Руско вооружување!]

 

„Лигавење“, како што се тврди, има, ама во овој случај кон Русија. Уште едно четиво од истиот портал кој никако да разбере дека не е и не смее да биде портпарол на Кремљ во земјава.

 

dddЛинк до оригиналниот напис: ДОДЕКА НИЕ СЕ ЛИГАВИМЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Србија станува најмоќна воена сила со најсофистицирано Руско вооружување!

 Датум и време на објавување: 07.12.2015

 Датум на рецензирање: 09.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ОТВОРЕНА ПРИСТРАСНОСТ

Текстот е копија, ама тоа, спротивно на добрата новинарска практика, никаде не е наведено.

Оригиналниот текст, објавен на српски портал, има строга намена – убедување на домашната јавност дека евентуалниот договор на властите во Белград со Русија, ќе им донесе воен примат меѓу земјите од регионот. Особено, пред Хрватска која, пак, ќе добие модерно оружје од армискиот вишок на САД.

Материјалот што го рецензираме, пак, преку насловот испраќа порака дека Србија, за разлика од нашата земја,  истрајува и не моли за влез во НАТО и за возврат добива руска помош. Тезата не само што е извртена, туку и делумно е невистинита.

Имено, Србија, засега, не бара формално зачленување во Алијансата, но факт е дека е длабоко политички навлезена и активно соработува со НАТО. Па од 2006 година Белград е дел од Партнерството за мир на Алијансата, програма чиј дел е и Македонија.

Значи, не е точно дека српските власти по правило се против сè што има НАТО-предзнак, како што ни се продава во овој напис. Очигледно е дека во регионот се води „игранка“ меѓу големите сили, која не може да се набљудува низ улично упростената призма „кој се лигави, а кој не“. Таквиот пристап е апсолутно несоодветен за тежината на прашањето што само површно се начнува.

Несомнено, има простор за критика за односот што Македонија со години го добива од НАТО, но тоа не подразбира употреба на формулации кои прилегаат на муабет пред гранапче, а не за еден медиумски производ.

Конечно, не може да се избегне впечатокот дека пласираниот материјал гори од желбата да ја воздигнува актуелната политика на Москва, за сметка на Западот. Тој покажува отворена пристрасност и прозвучува во стилот: „од Скопје со љубов за Русија!“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има во насловот

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

недоличен говор во насловот

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови