verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од реализација до конечна цел има многу

on 13 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Gruevski vo Reka

 

[Рецензија: ВМРО ШТО ВЕТУВА РЕАЛИЗИРА:Остварени барањата од теренската посета на Груевски на мавровско-дебарскиот крај]

Ова е еден крајно популистички текст, кој има цел да го фали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Притоа, написот повеќе наликува на соопштение од партиски билтен, отколку на новинарски текст.

 

ВМРО ШТО ВЕТУВА РЕАЛИЗИРА Остварени барањата од теренската посета на Груевски на мавровско дебарскиот крај iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: ВМРО ШТО ВЕТУВА РЕАЛИЗИРА:Остварени барањата од теренската посета на Груевски на мавровско-дебарскиот крај

Датум и време на објавување: 03.07.2016

Датум на рецензирање: 13.07.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ, ТЕКСТОТ „ГЛУВ ОРЕВ“

Самиот наслов на овој текст е доста бомбастичен, најавувајќи дека се „остварени барањата од посетата на Груевски на мавровско-дебарскиот крај“. Но, во текстот подолу гледаме дека ветувањата се далеку од остварени.

„Минатиот август, Груевски во својство на претседател на Владата ги посети овие населени места, разговараше со жителите и ги ислуша нивните барања и потреби. Тоа што им го вети на овие средби, веќе се реализира“.

Барањата на граѓаните што ги ислушал Груевски не се остварени, туку се работи на нив. А од реализација до конечна цел има уште многу. Тоа значи дека не може да се каже дека нешто е завршено, кога не е – и тука е првиот спин и убедување на јавноста во овој текст.

„Граѓаните од западниот дел на Република Македонија, особено во општините Маврово Ростуше, Центар Жупа и Дебар со децении чекаа да им биде реализирано она што им го ветувале минатите Влади. Сега со големо задоволство зборуваат дека оваа Влада им ги исполнила ветувањата и задоволила потребите“.

Вториот спин е содржан токму во овој дел. Граѓаните со децении чекале да им биде реализирано она што им го ветиле минатите влади. Она што е факт, а тука очигледно е заобиколен, е дека веќе една деценија токму Груевски е на власт и веќе една деценија неговата влада ја води државата. Така што е апсурдно е да се зборува за некакви минати влади, кога 10 години владата е иста.

 

АНОНИМНИ ПОФАЛБИ

Подолу во текстот имаме фотографии и изјави од наводни жители кои многу се задоволни од премиерот и многу го фалат. Но, немаме нивно име и презиме, така што лесно е да се заклучи дека изјавите можеби се измислени.

Овој текст е крајно популистички и има цел само да го фали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Притоа, написот повеќе наликува на соопштение од партиски билтен, отколку на новинарски текст. Овој напис го прекршува и членот 14 од Кодексот на новинари, во кој јасно се нагласува дека:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови